Исаија 27 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1 34,5; Пс 74,14; Јов 3,8; 7,12; 40,25 Во тој ден Господ ќе го порази со Својот тежок, со Својот го­лем и јак меч левијатанот – змејот што лета, левијатанот – лукавата зми­ја и ќе го убие морското чудовиште.

Заштита и простување

2 5,1-7; 26,1 Во тој ден запејте за Него – за сака­ното лозје!

3Ез 17,7Јас, Господ, сум негов чувар, во секој миг го напојувам; ноќе и дење го вардам, за да не влезе некој во него.

45,5-6; 10,17Гнев нема во Мене. Но ако Ми покаже трње и боцки, ќе кренам против него војна, ќе го изгорам сосема,

59,5-6; 26,12; 57,19освен, ако пребегне кон заштитата Моја и склучи мир со Мене. Тогаш нека склучи мир со Мене.

611,1; Ос 14,6; Пс 80,9Во идните дни Јаков ќе се вкорени; Израел ќе пушти гранки и ќе расцути; и вселената ќе се исполни со плодови.

710,24-26; 30,31-33; Ер 30,11Така ли го поразуваше Тој, како што ги поразуваше оние, кои него го поразуваа? Така ли ги убиваше, како што се убивани оние, кои него го убиваа?

840,6-8; Ез 17,10; Пс 48,7Со мерка го казнуваше Ти, кога го отфрлаше; го разнесуваше со силниот Свој здив, како во ден на источен ветар.

917,8; 2 Мојс 34,13; 3 Мојс 26,30; 5 Мојс 7,5; Пс 85,2; Рим 11,27И преку тоа ќе се избрише беззаконието на Јаков; а плод од тоа ќе биде: ќе се симне гревот од него, кога сите камења од жртвениците ќе ги претвори во грутка вар, нема повеќе да стрчат идолите на Ашера и идолите на сонцето.

Господ ќе го обедини Својот народ

10 5,17; 6,11 Зашто утврдениот град запусте, живеалиштата се напуштени и зафрлени како пустина. Таму пасат телиња, таму лежат и ќе ги подјадуваат гран­чињата негови.

1110,17; 43,1.7; 5 Мојс 32,6.28Кога гранките ќе му се исушат, ќе ги искршат; ќе дојдат жени и ќе ги изгорат. Бидејќи тој народ е неразумен, Творецот негов нема да го сожали, Создателот нема да го помилува.

1224,13; 2 Цар 24,7; Мт 24,31Но во тој ден Господ ќе растресе сѐ од големата река до потокот египетски, а вие, синовите Израелови, ќе бидете собрани еден по еден;

1324,23; Ос 11,11; Јоил 2,1; Мих 7,12; Зах 10,10во тој ден ќе затруби голема труба, и ќе дојдат оние што се загубиле во асирската земја и прогонетите во еги­петската земја и ќе Му се поклонат на Господ на светата гора во Ерусалим.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help