1 1,1-9; 2 Цар 16,5-9; 2 Лет; 28,5-15 Во дните на Ахаз – синот на Јотам, син Озиев, цар јудејски, – Рецин, царот арамејски, и Факиј, синот Ремалиев, цар израелски, отидоа против Ерусалим да го завладеат, но не можеа да го преземат.
2Тогаш му беше соопштено на домот Давидов и речено: „Арамејци се сместија во земјата Ефремова. И му затрепери срцето на Ахаз и срцето на народот негов, како што од ветар се нишаат дрвјата.“
336,2; 2 Цар 18,17; 20,20И му рече Господ на Исаија: „Излези ти и син ти Шеар-Јашув да го пречекаш Ахаз на крајот од горното езеро по патот кај нивата на валавичарот,
48,12; 30,15; Амос 4,11; Зах 3,2и кажи му: Охрабри се и биди спокоен; не плаши се, и да не се плаши срцето твое пред двата краја на тие гламји што чадат, од пламениот гнев на Рецин, на Арамејците и на синот Ремалиев.
5Арам, Ефрем и синот Ремалиев кројат против тебе зло, велејќи:
6‚да одиме против Јудеја и да ја исплашиме, да ја завладееме и да го поставиме за цар Тавеловиот син.‘
78,10; Ер 44,28; Пс 33,10; 17,3Но Господ Бог вели вака: Тоа нема да стане и нема да се изврши,
8зашто главата на Арам е Дамаск, а главата на Дамаск – Рецин; по шеесет и пет години Ефрем ќе престане да биде народ;
928,16; 30,15; 2 Лет 20,20глава на Ефрем е Самарија, а глава на Самарија – синот Ремалиев. Ако не верувате, нема да се одржите.“
Пророштво за Имануел10И продолжи Господ да му говори на Ахаз и му рече:
11Суд 6,36-40; Пс 139,8; Мт 16,1-4„Барај за себе знак од Господ, твојот Бог: барај или во длабочините или во височините.“
125 Мојс 6,16; Пс 78,18Но Ахаз рече: „Нема да барам и нема да Го искушувам Господа.“
13Мих 6,3Тогаш Исаија рече: „Слушајте, пак, доме Давидов! Зар ви е малку тоа што им дотежнувате на луѓето, па сакате да Му дотежнувате и на мојот Бог?“
149,5; 38,7; 1 Мојс 16,11; Суд 13,3; Мих 5,2; Мт 1,23; Лк 1,31Затоа Самиот Господ ќе ви даде доказ: ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му го дадат името Имануел.
157,22Тој ќе се храни со млеко и мед, додека да се научи да го отфрла лошото и да го избира доброто.
1623,1-17; 5 Мојс 1,39; 1 Цар 3,9Зашто, пред детето да се научи да го отфрла лошото и да го избира доброто, оваа земја, од која ти се плашиш, ќе биде оставена од двајцата цареви.
178,7-8; 2 Цар 15,29Но Господ ќе испрати врз тебе и врз народот твој и врз домот на татко ти, такви денови, какви што не доаѓале, откако Ефрем се оддели од Јуда – ќе го испрати асирскиот цар.
Закана со инвазија18 5,26; 5 Мојс 1,44 И ете, во тој ден Господ ќе им даде знак на мувите, што се кај устието на египетската река, и на пчелите, што се во асирската земја, –
192,19и ќе долетаат и ќе заседнат сите тие по запустените долини и по камените пештери и по сите трништа и по сите дрвја.
203,24; Ез 5,1Во тој ден Господ ќе ги избричи со брич, земен од оваа страна на Реката – преку асирскиот цар, главата и влакната на нозете, ќе ја симне дури и брадата.
2111,6И во тој ден, кој храни крава и две овци,
224,3поради изобилството на млеко, што тие ќе го дадат, ќе јаде масло; со масло и мед ќе се хранат сите, кои останале во таа земја.
235,6.10; Песна 8,11Во тој ден на секое место, каде што растеле илјада лози за илјада сребреници, ќе има глог и трниште.
2432,13-14Таму ќе се оди со лакови и стрели, бидејќи целата земја ќе е во глогови и трњаци.
255,5.17; 27,10; Соф 2,6-7И на ниедна од горите, што биле расчистувани со мотика, нема да одиш, поради страв од глог и од трње; таму ќе истеруваат говеда и ситен добиток ќе гази.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.