1 Коринтјаните 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Разврат во црквата

1 3 Мојс 18,8 Од секаде се слуша дека кај вас има блудство и тоа какво што нема ду­ри ни кај незнабошците, односно дека некој држи таткова жена.

2А вие уште се гордеете, место да плачете. Нека се исфрли од вашата средина оној што го направил тоа дело.

3Мт 18,18-20; 2 Кор 13,10

Кол 2,5Јас, пак, иако со телото не сум кај вас, а само со духот, веќе го осудив, ка­ко да сум меѓу вас, оној што го направил тоа.

4Во името на нашиот Господ Исус Христос, кога ќе се соберете вие и мо­јот дух, со силата на нашиот Господ Исус Христос,

51 Тим 1,20да го предадете на сатаната, за по­гу­бување на неговото тело, та духот негов да биде спасен во денот на нашиот Гос­под Исус Христос.

6Вашето фалење не е добро. Не зна­ете ли дека малку квас го потквасува целото тесто?

72 Мојс 12,19.21; 13,7Затоа, исчистете го стариот квас, та да бидете ново тесто, како што сте бес­квасни; зашто Христос, Пасхата наша, беше жртвувана за нас.

8Па да празнуваме не со стар квас, ниту со квас од злоба и лукавство, туку со пресни лебови во чистота и вистина.

92 Сол 3,14Ви пишав во писмото свое – да не се мешате со луѓе што блудствуваат,

10Рим 1,29-31но не и воопшто со блудниците од овој свет, или со користољупци, или со грабачи, или со идолопоклоници, зашто, инаку, би требало да излезете од овој свет.

116,9-10Но сега ви пишувам да не се дру­жите со оној кој, нарекувајќи се брат, си останува блудник, или користољубец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница, или грабач; со таков дури и да не јадете.

12Кол 4,5; 1 Сол 4,12Затоа, дали треба јас да ги судам надворешните? Нели ги судите вие внат­решните?

135 Мојс 17,7Надворешните, пак, ќе ги суди Бог, а вие исфрлете го лошиот меѓу вас.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help