1Јорам, синот на Ахав, стана цар над Израел во Самарија во осумнаесеттата година од владеењето на јудејскиот цар Јосафат и царуваше дваесет години.
2Тој правеше зло пред очите на Господ, но не така, како татко му и мајка му, зашто ја собори статуата на Ваал што ја беше направил татко му.
310,29; 13,11; 14,24; 15,9.18; 1 Цар 12,26-32; 13,33-34; 14,16; 15,26.34; 16,2.9.29Сепак, тој се приврза кон гревовите на Јеровоам, Наватовиот син, кој го наведе Израел да прави гревови, и не отстапуваше од нив.
Во воен поход против моавската земја4 2 Сам 8,2; Ис 16,1 Моавскиот цар Меша имаше многу добиток и му испраќаше на израелскиот цар по сто илјади јагниња и по сто илјади неистрижени овни.
51,1Но, штом умре Ахав, моавскиот цар се одметна од израелскиот цар.
6Во она време царот Јорам излезе од Самарија и ги преброи сите Израелци,
71 Цар 22,4па отиде и испрати да му кажат на јудејскиот цар Јосафат: „Моавскиот цар се одметна од мене. Ќе дојдеш ли со мене во војна против Моав?“ Тој одговори: „Ќе дојдам; Јас сум со тебе. Мојот народ е и твој народ, а моите коњи се и твои коњи.“
8И рече: „По кој пат да одам?“ Тој рече: „По патот низ едомската пустина.“
9И тргнаа израелскиот цар, јудејскиот цар и едомскиот цар, и одеа по заобиколен пат седум дена, и немаше вода за војската и за добитокот што одеше по нив.
10Тогаш рече израелскиот цар: „Ах! Господ ги изведе овие тројца цареви за да ги предаде во раката на Моав.“
111 Цар 22,7Но Јосафат рече: „Нема ли тука пророк Господов, па преку него да Го прашаме Господ?“ Одговори еден од слугите на израелскиот цар и рече: „Тука е Елисеј, Шафатовиот син, кој полеваше вода на Илиевите раце.“
125 Мојс 18,18; 1 Сам 3,19; Ер 1,9; 27,18И рече Јосафат: „Во него има слово Господово.“ И отидоа кај него израелскиот цар и Јосафат и едомскиот цар.
13И му рече Елисеј на израелскиот цар: „Што имаш ти со мене! Оди кај пророците на татковците свои и кај пророците на својата мајка.“ И му кажа израелскиот цар: „Не, зашто Господ ги изведе овде овие тројца цареви за да ги предаде во раката на Моав.“
141 Цар 17,1; 18,15И рече Елисеј: „Се колнам во живиот Господ Саваот, пред Кого стојам! Ако не го почитував Јосафат, јудејскиот цар, не би те почитувал и не би те погледнал;
151 Цар 18,46; Ез 1,3; 3,14; 8,1; 33,22; 37,1туку повикајте ми свирач.“ И кога свирачот свиреше, тогаш раката Господова се допре до Елисеј,
16и тој рече: „Вака говори Господ: ‚Направете ја оваа долина јама до јама‘
17зашто вака вели Господ: ‚нема да видите ветар и нема да видите дожд, а оваа долина ќе се наполни со вода, од која ќе пиете вие и вашиот ситен и крупен добиток;‘
18но тоа е малку пред очите на Господ: Тој и Моав ќе го предаде во рацете ваши,
19и ќе ги поразите сите укрепени градови и сите главни градови, и ќе ги исечете сите добри дрвја, и ќе ги запрете сите извори, и сите добри ниви и ќе ги затрупате со камења.“
20Утредента, додека се принесуваше принос, одеднаш потече вода по патот од Едом, и земјата се наполни со вода.
21Кога слушнаа Моавците дека царевите доаѓаат да војуваат со нив, беа собрани сите што носат појас и постари, па застанаа на границата.
22Изутрината станаа рано, кога сонцето изгреа над водата; на Моавците таа вода оддалеку им се причини црвена како крв.
23И тие рекоа: „Тоа е крв; се степале царевите меѓу себе и се истребиле еден со друг. А сега на плен, Моаве!“
24И тие дојдоа до израелскиот логор. Станаа Израелците и удрија по Моавците, кои почнаа да бегаат од нив, но, тие и понатаму трчаа по нив за да ги дотепаат.
25Ис 16,7.11; Ер 48,31.36И ги разрушија градовите, и во секоја добра нива секој фрли по еден камен, и ја наполнија, и сите водни извори ги затрупаа, и сите плодни дрвја ги исекоа. Само во Кир-Харешет ги оставија камењата на ѕидините. Но и него праќарите го опколија и го разрушија.
26Кога моавскиот цар виде дека ја губи битката, зеде со себе седумстотини мажи, наоружани со меч за да се пробијат кон едомскиот цар, но не можеа.
27Суд 11,30-40; Мих 6,7И тој го зеде својот првороден син, кој требаше да царува по него, и го принесе како жртва сепаленица врз ѕидот. Тоа предизвика големо гадење кај Израелците, и тие се повлекоа од него и се вратија во земјата своја.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.