1Валаам виде дека на Господ Му е пријатно да го благословува Израел и не го бараше, како порано, на Божјото откровение, туку само го сврте лицето кон пустината,
2и погледна Валаам и го виде Израел, како се беше сместил со племињата свои, а Духот Божји беше на него.
3И започнувајќи ја својата беседа, рече: „Говор на Валаам, синот Беоров, говор на тој што ја гледа вистината.
41 Мојс 15,1Пророштво на оној, кој ги слуша зборовите Божји; оној кој ги гледа виденијата на Семоќниот, оној кој паѓа во екстаза и очите му се отвораат.
5Ис 54,2-3; Ер 4,20; 30,18; Мал 2,12; Пс 84,1Колку се убави домовите твои, Јакове, и живеалиштата твои, о Израеле!
6Ез 31,5; Пс 1,3; Јов 29,19Тие се распростираат како потоци, како градини крај река, како миризливи дрвја насадени од Господ, како кедри крај вода;
724,17; 1 Мојс 49,10; Ис 9,5; 11,1се излева водата од ведрата негови, семето негово обилно е натопено, неговиот цар е поголем од Агаг, царството негово се воздига.
823,22-24; 2 Мојс 15,6; 5 Мојс 33,17; 2 Сам 18,14; Ер 50,17; Пс 45,4Бог го изведе од Египет; брзината на еднорогот е во него, ги проголтува народите што се против него, ги крши коските нивни и со стрелите свои го поразува.
91 Мојс 12,3; 27,29; 49,9Легнал тој како лав и како леопард; кој ќе го разбуди? Благословен да биде, оној што те благословува и проклет – оној што те проколнува!“
10Се разгневи Валак против Валаам, и плесна тој со рацете свои, па му рече на Валаам: „Јас те повикав да ги проколнеш непријателите мои, а ти ги благословуваш еве веќе по третпат;
11бегај, пак, во земјата своја; јас сакав да ти искажам почит, но, ете, Господ те лишува од почестите.“
Валаам ја предвидува славната иднина на Израел12И му рече Валаам на Валак: „Нели им реков на твоите пратеници што ми ги испрати:
13‚Да ми ја дадеше Валак и куќата своја, полна со сребро и злато, не би можел да ја прекршам заповедта Господова, за да направам нешто добро или лошо по своја волја: она што ќе ми рече Господ, тоа и ќе го кажувам?‘
141 Мојс 49,1И така, ете, јас си одам во своето место, но приближи се, за да ти кажам и да те посоветувам што ќе направи по извесно време овој народ со твојот народ.“
15И го раскажа видението свое, велејќи: „Пророштво на Валаам, синот Беоров, пророштво на човекот со отворено око,
16Ис 14,14пророштво на оној кој ги слуша зборовите Божји, кој ги знае тајните на Севишниот, ги гледа виденијата на Семоќниот, паѓа во екстаза и очите му се отвораат.
171 Мојс 49,10; Ер 48,45-46; Мт 2,2; Откр 22,16Го гледам, но не е тоа сега, го посматрам, но не одблиску. Ѕвезда од Јаков се издига и жезол од Израел; тој ќе ги поразува кнезовите моавски и ќе ги ништи сите синови Ситови.
181 Мојс 14,6; Ис.Н. 12,7; Суд 5,4; Ис 11,14; Амос 9,12И Едом ќе стане негов посед, а Сеир – негово наследство; Израел ќе ја покаже силата своја.
191 Мојс 49,10; Мих 5,2Произлезениот од Јаков ќе завладее и ќе ги погуби преживеаните од градот.“
Валаам ја објавува пропаста на непријателите на Израел20 1 Мојс 14,7; 2 Мојс 17,14; 5 Мојс 25,19; 1 Сам 15,20 И погледна кон Амалик, и го кажа своето пророштво, велејќи: „Амалик е прв меѓу народите, но семето негово ќе се затре.“
21Ис 32,18И погледна кон Кениј, и пророкува, велејќи: „Силно е твоето живеалиште, на камен си го свил своето гнездо,
22но тоа ќе биде изгорено, Асирците ќе те заробат.“
23И пак го започна своето пророштво, и рече: „Тешко, тешко, кој ќе остане жив, кога Бог ќе го направи тоа.
24Дан 11,30Ќе дојдат бродови од брегот на Китим; ќе го потисне Ашур, ќе го потчини и Евер, но и него гибел го чека.“
25И стана Валаам и се врати во местото свое, а исто така и Валак отиде по патот свој.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.