1 2,21; 3,18; Рим 6,2.7 Бидејќи, пак, Христос пострада со телото за нас, тогаш вооружете се вие со истата мисла; зашто кој ќе пострада со телото, тој прекинал со гревот,
22,11; Рим 7,14; 1 Јн 2,16-17та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со човечки похоти, туку според волјата Божја.
31,14; Рим 1,29; Ефес 2,1-3; 4,17-18; Тит 3,3Зашто доволно е што минатото време на животот го поминавте во вршење волјата на незнабошците, живеејќи во нечистотија, во похоти, во пијанство, во прејадување, во препивање и во нечестиво идолопоклонство.
4Затоа тие и се чудат што не се дружите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас.
5Дела 10,42; 2 Тим 4,1Но тие ќе одговараат пред Оној Кој е готов да им суди на живите и на мртвите.
63,19; Рим 1,9; 2 Кор 5,5Зашто и на мртвите им беше проповедано Евангелието да примат суд како луѓе по телото, а да живеат со духот по Бога.
Бодрост во христијанската заедница7 1,5-7; 4,17; Рим 13,11.12; 2 Кор 6,2 Но близу е крајот на сѐ. Па бидете мудри и бодри во молитвите.
8Изреки 10,12; Лк 7,47; Јк 5,20А пред сѐ, имајте постојано љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови.“
9Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување.
10Лк 12,42-48; Рим 12,6-8; 1 Кор 12,4-7Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат.
11Рим 9,5; 1 Кор 10,31Ако некој говори, нека знае дека зборува Божји зборови; ако некој служи, нека служи според силата која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог преку Исус Христос, чија слава и владеење се вечни. Амин.
Блаженството ветено на прогонуваните12 1,6-7; 3,14 Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа за да ве испита, како нешто необично да ви се случува.
13Мт 5,11-12; Рим 5,3-5; Кол 3,4; Јк 1,2-3Напротив. Ако учествувате во страдањата Христови, тогаш радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава да се зарадувате и развеселите.
142,20; 3,14.17; Ис 11,2; Пс 89,50.51А ако ве укоруваат поради името Христово, блажени сте, зашто Духот на славата, Духот Божји почива на вас: тие, значи, на Него хулат, а вие – Го прославувате.
15Никој, пак, од вас да не страда како убиец, или крадец, или злосторник, ниту како оној што се меша во туѓи работи;
16Дела 11,26но, ако страда како христијанин, да не се срамува, туку да Го прославува Бога за такво учество.
172,8; Ер 25,29; Лк 23,31; 2 Сол 1,8Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие?
18Изреки 11,31И кога праведникот одвај се спасува, тогаш што ќе стане од безбожниците и грешниците!?
19Пс 31,5; Лк 23,46И така, оние што страдаат според волјата на Бога, нека Му ги предадат Нему, како на верен Создател, душите свои, правејќи добро.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.