Еремија 34 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Еремија го предупредува царот Седекија

1 49,13 Слово што дојде до Еремија од Господ, кога вавилонскиот цар Навуходоносор, сета војска негова, сите земни царства, што беа под негова власт, и сите народи се бореа против Ерусалим и против сите негови градови –

235,13Така вели Господ Бог Израелов: оди, кажи му на јудејскиот цар Седекија и речи му – вака вели Господ: еве, Јас ќе го предадам овој град во рацете на вавилонскиот цар, и тој ќе го изгори со оган;

3и ти нема да избегаш од рацете негови, туку ќе бидеш фатен и предаден во рацете негови и очите твои ќе ги видат очите на вавилонскиот цар, и устата негова ќе ѝ зборува на твојата уста, па ќе појдеш во Вавилон.

4Ислушај го словото Господово, царе јудејски, Седекија. Вака вели Господ за тебе – ти нема да умреш од меч;

5ќе умреш во мир, како и предците твои, царевите поранешни, кои беа пред тебе и за кои при погребението гореа благопријатни мириси, така ќе горат и за тебе и ќе те исплачат – „О, господа­ре!“ зашто Јас го реков овој збор, вели Господ.

6Пророкот Еремија му ги кажа сите овие зборови на јудејскиор цар Седекија во Ерусалим;

7а војската на царот вавилонски удираше на Ерусалим и против сите ју­дејски градови, кои уште се држеа, против Лакиш и Азека; бидејќи од јудеј­ските градови само тие останаа по­цврсти.

Народот го крши договорот

8Слово Господово што дојде до Ере­мија, откако царот Седекија склучи до­говор со сиот народ, што беше во Еру­салим, за да прогласат слобода,

9Неем 5,8па секој да го пушти својот роб на слобода и робинката, Евреин и Еврејка, така што никој од нив да не го држи во ропство Јудеецот, братот свој.

10И послушаа сите кнезови и сиот на­род, што беа пристапиле кон заветот, така што секој да го отпушти на слобода својот роб и секој – робинката своја, па во иднина да не ги држат како ро­бови; послушаа и ги отпуштија.

11Но потоа, откако размислија, поч­наа да ги враќаат робовите и робинките, што беа ги пуштиле на слобода, и ги принудија пак да бидат робови и робинки.

12И дојде слово Господово до Ере­мија:

13така вели Господ, Бог Израелов: Јас склучив завет со вашите предци, кога ги изведов од египетската земја и од домот на ропството, па реков –

145 Мојс 15,12; 2 Цар 4,1На крајот од седмата година от­пуштај го братот свој Евреин, кој ти се продал; нека ти работи шест години, а потоа отпушти го откај тебе на слобода. Но предците ваши не го приклонија увото свое и не Ме послушаа.

157,10.12; 1 Цар 8,43Вие сега се повративте и поста­пивте справедливо пред очите Мои, што му објавивте секој од вас на ближ­ниот свој слобода, и склучивте пред Мене завет во домот, над кој се призовува името Мое;

163 Мојс 19,12но отпосле се предомисливте и го обесчестивте името Мое, па ги зедовте назад секој својот роб и секој својата робинка, кои бевте ги пуштиле на слобода, кому каде му беше угодно, и ги принудивте сега пак да ви бидат робови и робинки.

1715,4Затоа, вака вели Господ: вие не Ме послушавте да објавите слобода на братот свој и на ближниот свој; затоа, еве, Јас, вели Господ, ви објавувам слобода за да бидете предадени на меч, помор и глад и ќе ве предадам на поруга пред сите цареви земни;

18и ќе ги предадам оние, што го престапија заветот Мој и не ги исполнија зборовите на заветот, што го склу­чија пред лицето Мое, откако пресекоа теле на две половини и минаа меѓу ра­сечените делови,

19јудејските кнезови и ерусалимските кнезови, дворјаните и свештениците и сиот народ на земјата, кој мина меѓу расечените делови на телето,

207,33; 5 Мојс 28,26ќе ги предадам во рацете на непријателите нивни и во рацете на оние, кои ја бараат душата нивна, а труповите нивни ќе бидат храна за птиците небе­ски и за ѕверовите земни.

21И Седекија, царот јудејски, и кнезовите негови ќе ги предадам во рацете на непријателите нивни и во рацете на оние, кои ја сакаат душата нивна, и во рацете на војската на вавилонскиот цар, која отстапи од вас.

2232,2.24; 37,8Еве, Јас ќе заповедам, вели Господ, и ќе ги вратам кон овој град и тие ќе го нападнат, ќе го преземат и ќе го изгорат со оган, и градовите на Јудеја ќе ги направам пустина без луѓе.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help