1Потоа проговори Софар од Ноема и рече:
2„Зар на многу зборови не може да се даде одговор, и зар многузборливиот човек е прав?
332,15Твоето празнословие ќе ги натера ли луѓето да молчат, за да се потсмевнуваш ти, та да нема кој да те засрами?
4Ти рече: расудувањето ми е правилно, и јас сум чист во Твоите очи.
538,1О, да проговореше Бог, да ја отвореше устата Своја кон тебе
628,27; Рим 11,33; 1 Кор 2,9.11.16и да ти ги откриеше тајните на мудроста дека тебе ти се паѓа двојно повеќе да понесеш! И така, знај дека Бог за тебе предаде на заборав некои од твоите беззаконија.
7Можеш ли во длабочините Божји да проникнеш? Можеш ли да го достигнеш совршенството на Седржителот?
8Ефес 3,18Тој е повисок од небесата, – што можеш да направиш? Подлабок е од пеколот, – што можеш да дознаеш?
9Подолга од земјата е мерката Негова и поширока од морето.
109,12Ако се нафрли и затвори некого во окови и го изведе на суд, кој ќе Му забрани?
11Зашто Тој ги знае оние кои лажат и го гледа беззаконието; ќе го остави ли без да го разгледа?
1239,5-8; 1 Мојс 16,12Но и суетниот човек се опаметува; дивото магаре на узда се покорува.
132 Мојс 9,29Ако го насочиш срцето свое и ги подадеш рацете кон Него,
141 Цар 8,38; Ис 1,15; Пс 88,9ако порокот од раката своја го отфрлиш и не дозволиш беззаконие да престојува во твоите шатори,
1522,26; Плач 3,41тогаш ќе го кренеш неизвалканото лице свое, ќе бидеш цврст и нема да се плашиш.
162 Сам 14,14Тогаш ќе ја заборавиш тагата: како за истечена вода ќе се сеќаваш на неа.
1717,12 Животот твој ќе стане како светол ден; како јасна зора темнината ќе светне.
18Во надежта своја ќе бидеш спокоен, ограден, ќе почиваш во мир.
19Ќе легнеш и не ќе има кој да те заплашува; мнозина ќе ти се умилкуваат.
203,21; 6,9; 7,15А очите на беззакониците ќе згаснат, прибежиштето нивно ќе пропадне, а надежта нивна ќе исчезне.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
