1А ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои по потопот им се родија синови.
2Ез 27,13; 38,6Синовите на Јафет се: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мешех и Тирас.
3А синовите Гомерови се: Ашкеназ, Рифат и Тогарма.
4Синовите, пак, Јаванови се: Елисеј, Тарсис, Китим и Роданим.
5Од нив се разгранаа одделни народи во земјите нивни, секој според јазикот свој, според родот свој, и народот свој.
69,18; 12,6Хамовите синови се: Куш, Мицраим, Пут и Ханан.
71 Цар 10,1-3А синовите Кушови: Сева, Евила, Сафта, Рама и Сафтеха. Синовите, пак, Рамаови се: Сева и Дедан.
8Мих 5,5Куш го роди Нимрод; тој започна да станува силен на земјата;
9тој беше добар ловец пред Господ; затоа се вели: – добар ловец пред Господ, како Нимрод.
10Во почетокот негови царства беа: Вавилон, Ерех, Акад и Калне, сите во земјата Сенаар.
11Наум 1,1; 3,19Од таа земја излезе Ашур, и ги соѕида Ниневија, Ревот, Калах,
12и Ресен меѓу Ниневија и Калах; тој е голем град.
13Од Мицраим произлегоа потомците на Луд, Енам, Лаав и Нафтух,
14како и потомците на Патру и Каслух, од кои водат потекло Филистејците и Кафторимите.
15А Ханан го роди својот првенец Сидон, и Хет,
16потоа Јевусиј, Амориј, Гергесеј,
17Евеј, Аркиј, Синиј,
18Арвадиј, Цамариј и Аматиј. А потоа племињата ханански се раселија.
19Пределите, пак, ханански беа од Сидон кон Герар сѐ до Газа, и потоа до Содом, Гомора, Адма и Цевоим, па сѐ до Лаша.
20Тоа се синовите Хамови, според семејствата нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и во народите свои.
21И на Сим му се родија синови, на постариот брат Јафетов, татко на сите синови Еверови.
22А синовите Симови беа: Елам, Ашур, Арфаксад, Луд и Арам.
23Синовите, пак, Арамови се: Уц, Ул, Гетер и Маш.
24Арфаксад го роди Сала, а Сала го роди Евер.
25На Евер му се родија двајца синови: на едниот му беше име Фалек, зашто во неговото време се раздели земјата, а името на брат му беше Јоктан.
26Јоктан го роди Алмодад, Шалеф, Хацармавет и Јерах,
27Хадорам, Узал и Дикла,
28па Овал, Авимаел и Сева,
29потоа Офир, Авила и Јовав – сите тие беа синови Јоктанови.
30Живеалиштата им беа од Меша до источната гора Сефар.
31Тоа се Симовите синови според родовите нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и според нивните народи.
329,1; 5 Мојс 32,8Тоа се родовите на синовите Ноеви според нивните родословија, и според народите нивни. Од нив се раширија народи по земјата после потопот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.