1 1 Сам 22–24 Боже, Ти си мојот Бог, Тебе Те барам; за Тебе зажедне душата моја. За Тебе копнее телото мое како земја пуста, неплодна и безводна!
236,7-9; 42,1-2; 143,6И така со поглед Те барав во светилиштето Твое, за да ја видам Твојата сила и Твојата слава.
3Зашто милоста Твоја е подобра од животот, устата моја ќе Те фали.
4Така ќе Те благословувам во животот мој, и во Твое име ќе ги кревам рацете мои.
5145,2; 119,48Како со маст и масло се наситува душата моја, и со радосен глас ќе те фали устата моја.
636,8Кога ќе се сетам за Тебе во постелата моја, во ноќните часови за Тебе размислувам,
7зашто Ти си ми помошник и под сенката на Твоите крилја Ти пеам.
817,8Кон Тебе се прилепува душата моја, Твојата десница ме поддржува.
95 Мојс 13,5А оние кои сакаат да ме лишат од мојот живот, ќе слезат во длабочината на земјата.
10Ќе бидат предадени на силата на мечот; ќе станат плен на чакалите.
11А царот ќе се зарадува во Бога, и секој ќе се фали, кој во Него се колне, бидејќи ќе замолкне устата на лажливците.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
