1 5 Мојс 2,26–3,17; Пс 136,21 Еве ги царевите на оние земји, кои синовите Израелови ги убија и чија земја ја наследија од онаа страна на Јордан, од каде што изгрева сонцето, од Арнонската долина сѐ до планината Ермон, и целата рамнина на исток;
24 Мојс 21,21; 5 Мојс 2,36Сихон, аморејскиот цар, со престолнина во Есевон, и со власт што се протега од Ароер, што се наоѓа крај бреговите на потокот Арнон, до средината на потокот, и половината Галаад, до потокот Јавок, кој е граница со Амоновите синови;
3потоа рамнината на исток од Генисаретското Езеро, сѐ до областа источно од Мртвото Море, во насока на Бет-Јешимот и уште на југ регионот во подножјето на планината Фазга;
421,33и Ог, башанскиот цар, последниот од гигантите кој живееше во Аштарот и во Едреи,
5и владееше во планината Ермон и Салеха, и со целиот Башан, до Гесурската и Маахатската граница, и со половината од Галаад, до пределите на хешбонскиот цар Сихон.
64 Мојс 21,21-35; 32,28-30Мојсеј, слугата Господов, и синовите Израелови ги убија; и ја даде Мојсеј, слугата Господов, таа земја во наследство на племето Рувимово и Гадово и на половината од племето Манасиево.
7А ова се царевите, кои ги победи Исус и синовите Израелови од онаа страна на Јордан на запад, од Ваал-Гад во Ливанската долина до планината Халак, која се протега кон Сеир, и чија земја Исус им ја подели во наследство на племињата Израелови со ждрепка;
8тоа се областите по планината, по низините, во рамнината и во ридовите, во пустината и во јужните области, каде што живеат Хитијците, Аморејците, Хананците, Перизијците, Евејците и Јевусијците;
9царот ерихонски – еден, и царот на Гај, што е близу до Ветил, еден
10ерусалимски цар – еден, хевронски цар – еден,
11јармутски цар – еден, лахишки цар – еден,
12еглонски цар – еден, гезерски цар – еден,
13девирски цар – еден, гедерски цар – еден,
14цар на Хорма – еден, арадски цар – еден,
15цар на Ливна – еден, адуламски цар – еден,
16македски цар – еден, ветилски цар – еден,
17цар на Тапуах – еден, хеферски цар – еден,
18афекски цар – еден, лашаронски цар – еден,
19мадонски цар – еден, хацорски цар – еден,
20цар на Шимрон-Мерон – еден, ахшафски цар – еден,
21таанахски цар – еден, мегидонски цар – еден,
22кедешки цар – еден, цар на Јокнеам Кармил – еден,
23дорски цар на висорамнината Дор – еден, гоимски цар во Галил – еден,
24Пс 135,11; 136,18и царот на Тирца – еден. Вкупно триесет и еден цар.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.