2 Коринтјаните 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Служењето на Новиот завет

1 5,12; 10,12; Дела 18,27; Рим 1,17; 1 Кор 1,30; Гал 3,13; Фил 3,9 Пак ли ќе почнеме сами да се фали­ме пред вас? Или ни се потребни, како на некои, препорачувачки писма до вас или од вас?

21 Кор 9,2Вие сте нашето писмо, впишано во нашите срца, кое го познаваат и читаат сите луѓе.

32 Мојс 24,12; Ер 31,33; Ез 11,19; 36,26Јасно е дека вие сте Христово писмо, составено преку нашата служба, напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку на човечки срца.

4Таква сигурност во Бога имаме преку Христос,

5Јн 3,27; 15,5но не дека сме способни да помисли­ме нешто како од себе; напротив, на­ша­та способност доаѓа од Бога.

6Ер 31,31; Ефес 3,7; Кол 1,23.25Тој ни дал способност да бидеме слу­ги на новиот завет, не на буквата, туку на Духот; зашто буквата убива, а Духот оживотворува.

72 Мојс 32,16; 39,29-35Ако, пак, смртоносното служење со букви, врежани во камења, беше така славно, што синовите Израелови не мо­жеа да погледаат во лицето на Мојсеј, поради минливата слава на неговото ли­це,

8тогаш колку пославно ќе биде слу­жењето на Духот!

9Зашто, ако служењето што донесува осудување било славно, тогаш колку повеќе ќе изобилува со слава слу­же­ње­то за праведноста!

10И навистина, не ни беше прос­ла­ве­но во таа мера она што беше прос­ла­ве­но ако се спореди со преголемата слава.

11Зашто, ако е славно она што е минливо, тогаш многу пославно ќе биде она што е трајно.

12Имајќи, пак, таква надеж, ние дејствуваме со голема слобода,

13а не како Мојсеј што ставаше превез на лицето свое за да не можат сино­вите Израелови да го видат крајот на минливото.

14Мк 4,12; Дела 28,27; Рим 10,4; 11,7.8; Евр 8,13Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот за­вет, им стои истиот превез, зашто само Христос го симнува.

15Дела 15,21Па така, и до ден денес, кога се чита Мојсеј, превезот им стои на нивното срце.

162 Мојс 34,34Но, кога ќе се обратат кон Господ, превезот им се симнува.

17Јн 4,24; Рим 8,2; 1 Кор 6,17А Господ е Духот; а каде што е Духот Господов, таму има слобода.

184,6; Рим 8,29; 1 Јн 3,2Ние, пак, сите со откриено лице, како во огледало гледајќи ја славата Господова, се преобразуваме во истиот лик, од слава во слава, како од Духот Господов.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help