1Боже, со ушите наши чувме, а татковците наши ни раскажуваа за делото што си го направил во нивните дни, во деновите древни.
278,3; 2 Сам 7,22-23Ти со Твојата рака си истребил народи, а нив си ги населил; си уништил народи, а нив си ги раширил;
378,55; 80,8бидејќи тие не со меч ја придобија земјата, и нивните мишки не ги спасиле, туку Твојата десница и Твојата мишка и светлината на Твоето лице, зашто Ти беа по волја.
45 Мојс 8,17-18; Ис.Н. 24,12; Ос 1,7Боже, само Ти си цар мој и Бог мој, Кој му извојува победа на Јаков.
574,12Со Тебе, ги потиснавме нашите непријатели, и со Твоето име ќе ги уништиме оние, што стануваат против нас;
660,12; 108,13зашто јас нема да се надевам на мојот лак и мечот мој нема да ме спаси;
7туку Ти нѐ спаси од непријателите наши и ги посрами оние што нѐ мразат.
837,39-40; 132,18Со Бога се фалевме секој ден и Твоето име вечно ќе го прославуваме.
9Но сега Ти нѐ отфрли и нѐ посрами, па не излегуваш, Боже, со нашите војски;
1060,10; 68,7; 3 Мојс 26,17; 5 Мојс 28,25нѐ сврти во бегство пред непријателите наши, и оние, што нѐ мразат, нѐ ограбуваа.
11Нѐ предаде како овци на клање и нѐ растури меѓу незнабошците.
123 Мојс 26,33; 5 Мојс 28,64Евтино го продаде народот Свој, не бараше висока цена за нив;
135 Мојс 32,30; Ис 52,3нѐ предаде за презир кај соседите наши, за потсмев и хулење на оние, кои живеат околу нас;
1479,4нѐ направи за приказ меѓу незнабошците, и мнозина ја вртат главата.
1569,11Секој ден срамот мој е пред мене, и црвенило го покрива лицето мое,
1669,7од гласот на оној што се потсмева и од клеветникот, пред очите на непријателите и одмаздниците.
17Сето тоа нѐ снајде нас, но ние не Те заборавивме Тебе и не го нарушивме Заветот Твој.
18И не отстапи срцето наше, и стапките наши не се отклонија од Твојот пат,
19кога нѐ порази во местото, каде што живеат чакали и нѐ покри со смртна сенка.
20Ис 34,13; Ер 9,10Ако го бевме заборавиле името на нашиот Бог и да ги бевме протегнале рацете наши кон туѓ бог,
21зар Бог тогаш немаше да дознае за тоа? Зашто Тој ги знае тајните на срцата.
22Ер 17,10Заради Тебе нѐ убиваат секој ден, нѐ сметаат како овци определени за клање.
23Рим 8,36Разбуди се, зошто спиеш, Господи!? Разбуди се, и не отфрлај нѐ засекогаш!
2474,1; 79,5; 80,4; 89,46; Ис 51,9Зошто го одвраќаш лицето Свое, ја забораваш бедата наша и неволјата наша?
25Бидејќи душата наша се понизи до прав, а утробата ни се прилепи за земјата,
267,5; 119,25стани, Господи, и помогни ни, избави нѐ поради љубовта Твоја.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.