2 Петар 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Ветување за повторно Христово доаѓање

1Еве, возљубени, како веќе ви го пишувам второто послание во кое со напомнување ви го разбудувам ваши­от чист разум

21,18-20; Јуда 1,17за да се потсетите на зборовите, по­рано кажани од светите пророци, и на заповедта од Господ и Спасителот, дадени преку вашите апостоли.

31,16; 2,1; 2 Сол 2,3-12; 1 Тим 4,1; Јуда 1,18Најнапред знајте го тоа дека во пос­ледните дни ќе се јават подигрувачи, кои ќе се подбиваат и ќе живеат според своите похоти.

4Ис 5,19Ќе велат: „Каде е ветувањето на Не­говото доаѓање? Зашто, откако татковците наши изумреа, сѐ си стои така како од создавањето на светот.“

51 Мојс 1,6-9Тие намерно забораваат дека небесата и земјата од порано беа создадени од вода и преку вода со силата на Божјото слово,

61 Мојс 7,11-21; Мт 24,38-39; 1 Птр 3,20преку кое, тогашниот свет загина, потопен од вода.

7Мт 3,12; Рим 2,6А сегашните небеса и земјата, па­зе­ни од истото слово, се чуваат за оган во денот на судот и погибелта на нечес­ти­вите луѓе.

8Пс 90,4Но внимавајте, возљубени, да не го изумите само тоа дека за Господ еден ден е како илјада години, а илјада години – како еден ден.

9Авак 2,3; Лк 18,7; Рим 2,4; 1 Тим 2,4Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да загине некој, туку сите да се покаат.

10Мт 24,29.43-45; 1 Сол 5,2; Откр 20,11; 21,1И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата, и сѐ што е на неа, ќе изгори.

11И така, бидејќи сето тоа ќе се разруши, каков треба да ви биде вашиот свет живот и побожноста ваша,

12Ис 34,4; Дела 3,19-20додека го очекувате и посакувате скорото доаѓање на Божјиот ден, во кој небесата ќе се разрушат и основите во оган ќе се стопат?

13Ис 60,21; 65,17; 66,22; Рим 8,19; Откр 21,1.7Но ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се всели правда.

Поттикнување на будност

14 Јуда 1,24 Затоа, возљубени, додека го очекувате тоа, погрижете се пред Него да излезете спокојни, неосквернети и непорочни;

15Дела 2,4; 1 Тим 1,15-16и долготрпеливоста на вашиот Господ сметајте ја како спасение – како што ви напиша и возљубениот наш брат Павле, според дадената му мудрост;

16како што зборува за тоа и во сите свои посланија, во кои има некои работи тешки за разбирање, што неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел.

17Евр 2,1А вие, возљубени, знаејќи го ова од­напред, пазете се од измамата на беззакониците за да не бидете одведени со нив, и да не отпаднете од својата утврденост,

18Рим 16,24; Јуда 1,25туку да напредувате во благодатта и во познанието на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нему слава и сега и за вечни времиња. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help