1 1 Сам 2,5; Пс 113,9; Гал 4,27 Развесели се, ти неплодна, што не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си почувствувала родилни маки; зашто напуштената има многу повеќе деца од онаа, која има маж, вели Господ.
226,15; 33,20; 49,20; Ер 10,20Рашири го местото на шаторот свој; покривите твои на живеалиштето твое прошири ги; продолжи ги јажињата свои и зацврсти ги колците свои;
349,8.19; 1 Мојс 28,14зашто ти ќе се рашириш десно и лево, и потомството твое ќе завладее народи и ќе ги насели опустошените градови.
445,17; Ез 16,22; Соф 3,11Не плаши се, зашто нема да бидеш посрамена; не возбудувај се, зашто нема да бидеш исмеана: ќе го заборавиш посрамувањето на младоста своја и нема повеќе да си спомниш за срамот на вдовството твое.
541,14; 47,4; Ос 2,18; Зах 14,9; Пс 47,7Зашто твојот Творец е твојот сопруг; Јахве Саваот е името Негово, твој искупител е Светецот Израелов: Тој ќе се нарече Бог на целата земја.
641,9; 49,14; Ер 30,17; Изреки 5,18Зашто Господ те вика како жена, напуштена и жална со духот, како жена од младини, која била отфрлена, вели твојот Бог.
7Мих 4,6; Плач 3,32За малку време те оставив, но со голема милост ќе те приберам.
826,20; 51,6-8; 55,3; 57,17; 60,10; Ер 31,3; Авак 3,2; Пс 30,5Во пламенот на гневот го сокрив од тебе лицето Свое за кратко време, но со вечна милост ќе те помилувам, вели твојот Искупител Господ.
Ветување за траен мир9 1 Мојс 8,21-22; 9,8-16 Зашто тоа за Мене е како потопот за време на Ное: како што се заколнав дека потоп нема повеќе да дојде на земјата, така се заколнав дека нема да ти се лутам, ниту да те прекорувам.
10Ер 4,24; Ез 34,25; 37,26; Пс 46,2; 89,34; Рим 11,29Планини ќе се поместат, и ридови ќе се разнишаат, но Мојата милост нема да отстапи од тебе и заветот на Мојот мир нема да се разниша, вели Господ, Кој те милува.
Новиот Ерусалим11 51,3; 60,17-18; Ез 28,13-14 О, неволна, тркалана од виорот, неутешна! Ете, Јас ќе ги положам твоите камења врз смарагд и ќе ги направам твоите основи од сафири;
12Откр 21,10-21и ќе ги направам твоите прозорци од рубини и твоите порти – од бисер, а целата ограда твоја – од скапоцени камења.
1350,4; Ер 31,33-34; Јн 6,45И сите твои синови ќе бидат научени од Господ, и голема среќа ќе има меѓу синовите твои.
141,26; Пс 91; 121Ти ќе се утврдиш со правда, ќе бидеш далеку од насилствата, бидејќи ќе нема од што да се плашиш, далеку ќе биде од тебе и ужасот, зашто тој нема да се приближи до тебе.
15Лк 20,18Ете, ќе се вооружат против тебе, но тоа не е од Мене; кој и да се вооружи против тебе, ќе падне.
16Мих 2,10Ете, Јас создадов ковач, кој го раздувува јагленот во огнот и ќе произведува орудија за својата цел, – а Јас сум создал и губител, кој истребува.
1741,11; 45,24; 50,9; Јов 5,17-26Ниедно оружје, направено против тебе, нема да има успех; и секој јазик, кој би се подигнал против тебе на суд, – ти ќе го обвиниш. Тоа е наследство на слугите Господови, нивна победа од Мене, вели Господ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.