Агеј 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Прекор поради неѕидање на храмот

1 Зах 1,1; 3,1-9; 4,6-10; Езд 3,2; 5,1 Во втората година на царот Дариј, во шестиот месец, на првиот ден од месецот, дојде слово Господово преку пророкот Агеј до Зоровавел, синот на Салатиил, управител на Јудеја, и до Исус, синот Јоседеков, првосвештени­кот.

2Езд 5,11-17Вака вели Господ Саваот: „Овој на­род говори: Уште не е дојдено времето, не е време сега да се гради дом Госпо­дов.“

3И дојде слово Господово преку пророкот Агеј, велејќи:

42 Сам 7,2; Ер 22,14„А за вас време ли е да живеете во своите украсени домови, кога е свети­лиштето запустено?“

5Затоа сега вака вели Господ Саваот: „Преиспитајте ги своите патишта!

65 Мојс 28,38; Ер 12,13; Ос 4,3.10; Мих; 6,14-15; Зах 8,10Вие сеете многу, а собирате малку; јадете, а не се заситувате; пиете, а не се напивате; се облекувате, но не се стоп­лувате; оној што печали пари, ги става во дупнато ќесе.“

7Така вели Господ Саваот: „Преиспи­тајте ги своите патишта!

8Качете се на планината, донесете дрвја и градете го храмот, и тоа ќе Ми биде угодно, па ќе се прославувам, вели Господ.

9Очекувавте многу, а излегува малку, и што ќе внесете дома, тоа Јас го разнесувам. Зошто? – вели Господ Саваот: Затоа што домот Мој е запустен, додека секој од вас се грижи за домот свој.

103 Мојс 26,19-20; Ис 5,6Па поради тоа небото се затвори и не ви дава роса и земјата не ви дава плодови.

11Ер 4,23-28; Амос 4,7Затоа повикав суша врз земјата, врз горите, врз житото, врз гроздовите, врз маслото и врз сѐ што се раѓа од земјата, и врз човекот и врз добитокот, и врз секој ваш труд.“

12Ис 4,3; Зах 8,6.11; Езд 1,4; 9,8.14И Зоровавел, синот на Салатиил, и Исус, синот на Јоседек, и сиот друг народ го послуша гласот на Господ, својот Бог, а и зборовите на пророкот Агеј, како гласник на нивниот Господ Бог, и народот се подуплаши од Господ.

13Суд 6,12; 2 Сам 7,3; Ис 41,10Тогаш Агеј, гласникот Господов, испратен од Господ, му рече на народот: „Јас сум со вас“ – вели Господ.

14Езд 1,5; 5,2И Господ го подигна духот на Зоро­вавел, синот на Салатиил, управителот на Јудеја, духот на Исус, синот Јосе­деков, првосвештеникот, и духот на сиот друг народ – и тие дојдоа и почнаа да го градат домот на Господ Саваот, својот Бог;

15а тоа стана во дваесет и четвртиот ден од шестиот месец, во втората година на царот Дариј.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help