1 Зах 14,4; Мк 11,1; 14,13 А кога наближија до Ерусалим и дојдоа до Витфагија, кај Маслиновата Гора, Исус испрати двајца ученици
21 Мојс 49,11и им рече: „Отидете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана магарица и младо магаре со неа; одврзете ги и доведете Ми ги!
3А ако некој ви рече нешто, кажете му дека Му се потребни на Господа, и веднаш ќе ги прати.“
41,22А сето тоа стана за да се исполни кажаното преку пророкот, кој вели:
511,29; Ис 62,11; Зах 9,9„Кажете ѝ на ќерката Сионова: ете, твојот цар доаѓа кај тебе кроток, качен на магарица со младо магаре.“
626,19Учениците отидоа и направија така, како што им беше заповедал Исус.
7Јн 12,14Ги дотераа магарицата и младото магаре и ги кладоа одозгора алиштата свои, и Тој седна над нив.
81 Цар 1,33; 2 Цар 9,13А мнозина од народот ги постилаа по патот облеките свои; други, пак, сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот;
923,39; Пс 118,25.26; Пс 148,1; Јов 16,19; Лк 13,35а народот што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: „Осана на Синот Давидов! Благословен е Тој што доаѓа во името Господово! Осана на висините!“
102,3И кога влезе во Ерусалим, целиот народ збунето прашуваше: „Кој е овој?“
115 Мојс 18,15; Лк 24,19; Јн 4,19; 7,40; 9,17; Дела 3,22-23А народот одговараше: „Овој е Исус, пророкот од Назарет галилејски.“
Изгонување на трговците од храмот(Мк 11,15-19; Лк 19,45-48; Јн 12,12-16)12 Неем 13,7-8; Јн 2,14-15 И влезе Исус во храмот Божји и ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот, ги растури масите на менувачите и столовите на оние што продаваа гулаби,
13Ис 56,7; Ер 7,11и им рече: „Напишано е: ‚Домот Мој нека биде дом за молитва‘, а вие го направивте како разбојничка пештера.“
1411,4; 3 Мојс 21,18; 2 Сам 5,8И дојдоа кај Него во храмот слепи и куци, и Тој ги излекува.
154 Мојс 14,22А првосвештениците и книжниците, гледајќи ги чудесните дела што ги направи Тој, и слушајќи ги децата како викаат во храмот и велат: „Осана на Давидовиот Син!“, се разгневија,
16Пс 8,3; Јн 12,19и му рекоа: „Слушаш ли што велат тие?“ А Исус им рече: „Да! Зар никогаш не сте читале: ‚Од устата на новороденчињата и од оние што цицаат Ти си приготвил пофалба?‘“
17Мк 11,1.11; Лк 21,37И кога ги остави, отиде надвор од градот, во Витанија, каде што преноќи.
Смоквата што не дава плод(Мк 11,12-14.20-24)18А утредента, враќајќи се во градот, огладне;
19Ос 9,16; Лк 13,6-9и виде покрај патот смоква, па отиде до неа; откако не најде на неа ништо освен лисја, рече: „Од сега да нема плод на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши.
20Штом го видоа тоа, учениците се зачудија и рекоа: „Како веднаш се исуши смоквата!“
2117,20; Лк 17,6; Јк 1,6А Исус им одговори и рече: „Вистина, ви велам: ако имате вера и не се посомневате, не само тоа што стана со смоквата ќе го правите, туку, ако и на оваа планина ѝ речете – дигни се и фрли се в море, ќе биде.
227,7-8; Мк 11,24И сѐ што ќе побарате во молитва со вера, ќе добиете.“
Прашања за Исусовите овластувања(Мк 11,27-33; Лк 20,1-8)23 7,29; 28,18 И кога дојде Тој во храмот и поучуваше, пристапија кон Него првосвештениците и старешините народни и рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и кој Ти ја дал таа власт?“
24А Исус им одговори и рече: „И Јас ќе ве прашам нешто. Па, ако Ми одговорите, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам тоа.
2521,32; Лк 7,30; Јн 3,27Крштавањето Јованово од каде беше: од небото или од луѓето?“ А тие размислуваа меѓу себе и велеа: „Ако кажеме – од небото, ќе ни рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘
2614,5; 21,46А ако речеме: – од луѓето, се плашиме од народот, зашто сите го сметаа Јован за пророк.“
27И, одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Тој им рече: „Ни Јас не ви кажувам со каква власт го правам тоа.“
Парабола за двата сина28 20,1.4; Лк 15,11 „Што мислите за ова? Еден човек имаше два сина; па отиде кај првиот и му рече: ‚Сине, оди денес да работиш во моето лозје!‘
29Тој одговори и рече: ‚Не сакам!‘ но потоа се покаја и отиде.
30Дојде и кај вториот, и му го рече истото. Тој одговори и рече: ‚Ќе отидам, господаре.‘ Но не отиде.
316,10; Лк 18,9-14Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ Му одговорија: „Првиот.“ Тогаш Исус им рече: „Вистина ви велам дека цариниците и блудниците ќе ве испреварат во царството Божјо:
32Лк 7,37-50; 19,1-10зашто дојде кај вас Јован по патот на праведноста и вие не му поверувавте, а цариниците и блудниците му поверуваа; вие, пак, иако видовте, не се предомисливте отпосле за да му поверувате.“
Парабола за немилосрдните лозари(Мк 12,1-12; Лк 20,9-19)33 Ис 5,1-2 „Чујте друга парабола! Беше еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако им го предаде на лозарите, си отиде.
3422,3И кога наближи времето за берба, тој ги испрати кај лозарите своите слуги за да му ги приберат плодовите.
3522,6; 23,37Но, лозарите, ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа.
3622,4Тој испрати сега други слуги, повеќе од првите; но и со нив постапија исто.
37Јн 3,16-17; 1 Јн 4,9Најпосле го испрати кај нив својот син, велејќи: ‚Ќе се засрамат од син ми.‘
38Гал 4,7Но лозарите, штом го видоа син му, си рекоа меѓу себе: ‚Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме наследството негово.‘
39Јн 19,17; Евр 13,12Па, го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија.
40Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“
41Му одговорија: „Злосторниците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари што ќе му ги даваат плодовите навреме.“
42Ис 28,16; Пс 118,22-23; Дела 4,11; 1 Птр 2,4-8А Исус им рече: „Зар не сте читале во Книгите: ‚Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник: тоа е од Господ и чудесно е во очите наши.‘
43Дела 13,46Затоа ви велам дека царството Божјо ќе биде земено од вас и ќе се даде на народ што ги принесува неговите плодови.
44Мк 11,18; Лк 20,18; Рим 11,11И кој падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“
45И слушајќи ги Неговите параболи, првосвештениците и фарисеите разбраа дека говори за нив,
4614,5; 16,14; 21,26па гледаа да Го фатат; но се плашеа од народот, зашто Го сметаа за пророк.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.