Песна над песните Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ВоведВо средишниот дел од библискиот текст се среќава една збирка песни, во која се опева љубовта и каде чувствата на двајца вљубени се изразуваат во вид на поезија. Уште од најдамнешни времиња се настојува оваа библиска книга да се толкува алегориски, односно се тврди дека таа ни ги открива односите меѓу Бог и Неговиот народ. Меѓутоа, точно е исто така дека љубовта меѓу мажот и жената е дар Божји.Тематски книгата може да се подели на седум поеми (1,2–2,7; 2,8-17; 3,1–5,1; 5,2–6,3; 6,4–7,11; 7,12–8,5а; 8,5б-14), во кои се поместени љубовните дијалози, каде љубовта е дискретно сокриена во симболиката на природата. Овие дијалози помеѓу еден маж и една жена, кои се бараат, се наоѓаат, се губат и одново трагаат еден по друг, изгледаат прекинати од туѓи гласови, кои не се секогаш срдечни. А тоа се овчарите (другарите на младиот човек), мајката или браќата на младата девојка. Под разни имиња овие лица или групи настојуваат да се мешаат во љубовта меѓу двајцата вљубени. Но таа љубов не им припаѓа ним; таа е дар Божји, за оние што се љубат.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help