1 .
Бакарната змоја4 5 Мојс 2,1 Од планината Ор тие тргнаа кон Црвено Море, за да ја заобиколат земјата Едом. И по патот народот се обесхрабри;
52 Мојс 14,11; Пс 78,19и зборуваа луѓето против Бога и против Мојсеј: „Зошто нѐ изведе од Египет, па да умреме во пустинава: тука нема ни леб, ни вода, а во душата ни омрзна таа лоша храна?“
65 Мојс 8,15; Ер 8,17; 1 Кор 10,9И испрати Господ против народот отровни змии, кои го касаа народот, и многу луѓе изумреа од синовите израелски.
72 Мојс 8,8; 1 Сам 7,8; Ер 27,18; Ос 5,15; Пс 78,34; Дела 8,24И дојде народот кај Мојсеј и рече: „Згрешивме кога се побунивме против Господ и против тебе; помоли Му се на Господ да ги отстрани од нас змиите.“ И Мојсеј се помоли за народот.
8Јн 3,14И му рече Господ на Мојсеј: „Направи змија и закачи ја на стап, каснатиот штом ќе ја погледне, ќе остане жив.“
92 Цар 18,4; Јн 3,14И направи Мојсеј бакарна змија и ја закачи на стап, и кога некоја змија ќе каснеше некој човек, тој штом ќе ја погледнеше бакарната змија, остануваше жив.
Логорите на патот кон Фазга10И тргнаа синовите израелски и се улогорија во Овот;
115 Мојс 34,8се кренаа и од Овот, и застанаа во Ије-Аварим, во пустината спроти Моав, која е на исток.
125 Мојс 2,13-14Оттаму тргнаа и дојдоа во долината Зеред;
134 Мојс 22,36; Суд 11,18; Ис 16,2; Ер 48,20заминувајќи оттука, се настанија од другата страна на Арнон, кој тече низ пустината, а доаѓа од пределите на Аморејците; бидејќи Арнон е границата на Моав, меѓу Моав и земјата на Аморејците.
14Затоа е и речено во Книгата за војните Господови: „Ваев во Суфа и притоките на Арнон,
15и базенот на реките што се протега кон Шевет-Ар и оди по должината на границата со Моав.“
16Суд 9,21; Ис 15,8Оттука тргнаа кон Беер, а тоа е оној кладенец, за кој Господ му рече на Мојсеј: „Собери го народот и ќе им дадам вода.“
172 Мојс 15,1Тогаш Израел ја запеа песната: „Извирај, кладенче! Пејте за кладенецот!
18За кладенецот што го ископаа кнезовите што народните водачи го отворија со жезлата свои, со патериците свои.“ И од пустината тргнаа кон Матана.
19Од Матана кон Нахалиел, од Нахалиел, кон Бамот;
205 Мојс 3,17; Ис.Н. 12,3; 13,20а од Бамот за долината што е во моавската земја, кон врвот на Фазга кој доминира над пустината.
Победа над царевите Сихон и Ог21 Ис.Н. 2,10; 12,2; Суд 11,19-20; 1 Цар 4,19; Ер 48,45; Пс 135,11; Неем 9,22 И прати Израел пратеници кај Сихон, царот на Аморејците, за да му кажат:
2220,14-21„Дозволи ни да минеме преку твојата земја; нема да навлегуваме во нивите и во лозјата, и нема да пиеме вода од твоите кладенци, туку ќе одиме по главниот пат, додека да ги минеме пределите твои.“
235 Мојс 2,32; Суд 11,20; Ис 15,4Но Сихон не му дозволи на Израел да мине преку пределите негови; и го собра Сихон целиот свој народ и излезе против Израел во пустината, и стигна до Јахца и се судри со Израел.
241 Мојс 19,38; Ис.Н. 13,10; Суд 11,13И го победи Израел со меч и завладеа со земјата негова од Арнон до Јавок, дури до Амоновите синови, бидејќи границата на Амоновите синови е силно утврдена.
25Суд 11,26; Ис 15,4; Ер 48,2.34; Амос 2,10И ги зазеде Израел сите тие градови, и се насели Израел во сите градови на Аморејците: во Есевон и во сите нему потчинети;
26Ер 48,45-46; Пс 135,11зашто Есевон беше град на царот на Аморејците Сихон, кој војуваше против поранешниот моавски цар и ја беше одзел од рацете негови целата земја негова дури до Арнон.
27Затоа велат поетите: „Дојдете во Есевон, нека се изгради и утврди градот на Сихон;
285 Мојс 12,2; Ис 15,2; Ер 48,45бидејќи оган излезе од Есевон, пламен од градот Сихонов и ги изгоре непријателите на Моав, господарите на височините арнонски.
292 Сам 8,2; Ис 25,10; Ер 48,46; Пс 60,6; 1 Лет 18,2Тешко тебе, Моаве! Пропадна народе Хамосов! Синовите твои бегалци станаа, а ќерките – робинки на Сихон, царот аморејски.
30Ис.Н. 13,9.17; Ис 15,2; Ер 48,18Ги поразивме со стрели: се затре од Есевон дури до Дивон, сѐ уништивме до Нофах што е близу до Медева.“
31И се насели Израел во земјата на Аморејците.
32Ис.Н. 13,25; 2 Сам 10,3; 24,5; 2 Лет 19,3И испрати Мојсеј да го разгледаат Јазер, па ги зазедоа населбите негови, и ги изгонија Аморејците што живееја таму.
33Ис.Н. 2,10; 12,4; Пс 135,11; Неем 9,22Тогаш се повратија и појдоа кон Башан. И излезе против нив башанскиот цар Ог, самиот тој и целиот народ негов, за да се судри со нив кај Едреи.
34И му рече Господ на Мојсеј: „Не плаши се од него, зашто Јас ќе ти го предадам во рацете твои – него и целиот народ негов и целата земја негова, и ќе постапиш со него, онака како што постапи со аморејскиот цар Сихон, кој живееше во Есевон.“
35Ис.Н. 9,10И го поразија него и синовите негови и целиот народ негов, така што ниеден од нив не остана; и ја покорија земјата негова.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.