1 89,14; Ер 23,5 Боже, дај му го на царот Својот праведен суд, а на царевиот син – Својата праведност,
2за да им суди со праведност на Твоите луѓе и на сиромасите Твои со праведен суд.
3Ис 45,8; 52,5; 55,11; Соф 2,3Горите нека им донесат мир на луѓето, и ритчињата – праведност.
4Нека ги брани бедните меѓу луѓето, нека ги спаси синовите на сиромасите, а угнетувачот нека го понизи.
561,7; 89,37; 2 Сам 7,13-14; Ер 31,35; 33,20Нека живее, додека постои сонцето и месечината – од род во род.
6Ис 45,8; Ос 6,3Нека биде како дожд на ливада, како капки што наросуваат земја.
737,11Во Негово време нека се зацари правда, и нека има изобилен мир сѐ додека не ја снема месечината.
8Зах 9,10И нека владее од море до море и од Реката до краиштата на Земјата.
9Пред Него нека паднат на колена жителите на пустината, и непријателите Негови нека ја лижат прашината;
101 Цар 10,1царевите на Тарсис и островјаните дарови нека му принесуваат; и царевите на Сава и Сева дарови нека му донесуваат.
11И нека Му се поклонуваат сите цареви; нека Му служат сите народи;
12Јов 29,12зашто Тој избави беден кога вика и сиромав и беспомошен.
13Ќе го поштеди бедниот и сиромавиот и ќе го спаси животот на сиромасите;
14116,15од угнетувања и насилства ќе ги избави душите нивни, бидејќи е скапоцена нивната крв пред очите Негови.
15Нека поживее, па ќе Му даваат арабиско злато; и нека Му се молат непрестајно, секој ден нека Го благословуваат;
16Ос 14,6-9; Амос 9,13Нека има на земјата жито во изобилство, до врвовите на горите; плодот Негов ќе се издига над Ливан, а во градовите луѓето нека се размножуваат како тревата по земјата,
171 Мојс 12,3Неговото име нека биде вечно: нека Му трае славата сѐ додека постои Сонцето; и во Него нека бидат благословени сите земни племиња, а и сите народи нека Го сметаат за блажен.
18Нека е благословен Господ Бог, Бог Израелов, Кој единствен прави чудеса;
19Авак 3,3и нека е благословено Неговото славно име довека, и со славата Негова нека се исполни целата Земја! Амин и амин!
20Завршија молитвите на Давид, Јесеевиот син.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
