Судии 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Судиите Тола и Јаир

1 8,31 По Авимелех се крена да го спаси Израел Тола, синот на Пуа, син на Додо, маж од Исахаровото племе. Тој живееше во Шамир, на Еф­ре­мовата Планина.

2Тој беше судија над Израел дваесет и три години, и умре, и беше погребан во Шамир.

34 Мојс 32,41; 1 Цар 4,13; 1 Лет 2,21-23По него дојде Јаир од Галаад, кој беше судија над Израел дваесет и две години.

4Тој имаше триесет сина, кои јаваа на триесет магариња, и имаа триесет гра­да, кои и до денес се нарекуваат Јаирови селишта, а се во Галаадската земја.

5Јаир умре и беше погребан во Камон.

Амонците го напаѓаат Израел

6 2,11.13; 5 Мојс 32,15 А Израеловите синови пак почнаа да прават зло пред Господ и им служеа на разни Ваали и Астарти, на боговите арамејски, на боговите сидонски, на боговите моавски, на боговите од си­новите Амонови и на боговите филистејски, а Господа Го оставија и не Му служеа.

75 Мојс 31,17; 32,30И се разгори гневот на Господ против Израел, и Тој ги предаде во рацете на Амоновите синови.

8Оттогаш тие ги угнетуваа и ги мачеа Израеловите синови осумнаесет години по ред, сите Израелови синови од онаа страна на Јордан во аморејската земја, која е во Галаад.

9Најпосле Амонците го преминаа Јордан за да војуваат против Јуда и Венијамин и против домот Ефремов. И синовите Израелови беа на големи маки.

103,9; 5 Мојс 1,41; 1 Сам 12,10; 1 Цар 8,47; Ер 3,25; 8,14; 14,20; Пс 32,5; 106,6; Дан 9,5Па повикаа синовите Израелови кон Господ и рекоа: „Згрешивме пред Тебе, зашто го оставивме нашиот Бог и им служиме на Вааловци.“

11И Господ им рече на Израеловите синови: „Не ве угнетуваа ли Егип­ќа­ните и Аморејците, Амонците и Фи­листејците,

123,13Сидонците, Амаликијците и Маон­ци­те и кога повикавте кон Мене, не ве спасив ли од рацете нивни?

13Ер 11,10; 13,10А вие Ме оставивте и почнавте да им служите на други богови; затоа нема повеќе да ве спасувам;

145 Мојс 32,37-38; Ер 2,28; 11,12; Авак 2,18одете, повикајте ги боговите што сте ги избрале, нека ве спасат тие во ова за вас тешко време.“

151 Сам 3,18; 2 Сам 10,12; 15,26Тогаш синовите Израелови Му рекоа на Господ: „Згрешивме; прави со нас сѐ што Ти е мило, само спаси нѐ сега.“

16Ис.Н. 24,23И ги отфрлија од себе туѓите бо­гови и почнаа да Му служат на Господ. И не ги истрпе душата Негова стра­дањата Израелови.

17Амонците, пак, се собраа и се смес­тија, поставија логор во Галаад; исто така се собраа и Израеловите синови и поставија логор во Мицпа.

18Народот и началниците галаадски си рекоа еден на друг: „Кој ќе почне војна против Амонците, тој нека биде началник на сите галаадски жители.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help