Левитска 22 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Кој смее да јаде од светите жртвени приноси

1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

22 Мојс 20,7; Ез 44,8; Мт 5,33„Кажи му на Арон и на синовите негови да постапуваат внимателно со светите приноси од синовите израелски и да не го осквернуваат Моето свето име во тоа, што Ми го посветуваат. Јас сум Господ.

34 Мојс 19,13; Езд 8,28Кажи им: ако некој во целото ваше потомство во вашите родови, имајќи на себе некаква нечистотија, пристапи кон светите дарови, што синовите Из­раелови Му ги посветуваат на Господ, да се истреби таа душа од пред Мене. Јас сум Господ.

422,13-15Оној човек од семето Ароново, кој е лепрозен, или има гонореја, да не јаде од светите дарови сѐ додека не се исчисти, и кој се допре до нешто нечисто: до мртовец, или кому му се случи истечување на семе,

5или кој ќе се допре до некој гад, па се оскверни, или до човек од кого се оскверни од каква и да било нечистотија,

6Агеј 2,13тој што се допрел до тоа да биде нечист до вечерта и да не јаде од светите приноси, пред да го измие целото свое тело со вода;

74 Мојс 18,11но, штом зајде сонцето, и биде чист, тогаш да јаде од осветените дарови, бидејќи тоа е негова храна.

87,24; 17,15; 2 Мојс 22,30; 5 Мојс 14,21; Ез 4,14Мрша или ѕверојадина тој да не јаде, за да не се оскверни од нив. Јас сум Господ.

92 Мојс 28,38.43Нека ги пазат заповедите Мои, за да не навлечат поради нив грев врз себе и да не умрат поради нив, ако се осквернат. Јас сум Господ, Кој ги осветува.

102 Мојс 12,45; 29,33Никој од друг род да не јаде од светите приноси: кој се населил кај свештеник, ни наемникот негов, не смее да јаде од светите приноси.

111 Мојс 17,13Ако свештеникот си купи човек со пари, тој нека јаде од лебовите негови; исто така и домашните негови можат да јадат од неговите лебови.

12Ако свештеничка ќерка се омажи за човек од друг род, таа не смее да јаде од принесените свети дарови,

13а ако таа остане вдовица или биде разведена, а нема деца, и се врати во татковата куќа, како што била на млади години, тогаш таа може да јаде од лебовите на татко си; но никој од друг род не смее да јаде од нив.

145,14-16Кој поради незнаење јаде нешто од осветените приноси, тој дел треба да му го врати на свештеникот и да додаде кон него уште една петина од тоа.

15И да не ги осквернуваат светињите на синовите израелски, принесувани на Господ;

16и да не навлекуваат врз себе вина поради престап, со тоа што ќе јадат од нивните дарови, зашто Јас сум Господ, Кој ги осветува.“

Прописи за избор на жртвените животни

17И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

184 Мојс 15,16; 19,10; Ис.Н. 8,33; Пс 76,10; 116,18„Кажи им на Арон и на синовите негови и на сите синови израелски и речи им: ако некој од синовите израел­ски, или од придојдените меѓу народот израелски, било поради некакво ветување или од благодарност принесува жртви какви што Му се принесуваат на Господ, за сепаленица,

194 Мојс 28,11за да му се прими жртвата милостиво, таа треба да биде од машки пол од стадата волови, од овците, или од козите, без недостаток;

205 Мојс 15,21; 17,1; Ез 43,23; Мал 1,8; Евр 9,14; 1 Птр 1,19а сѐ што има недостаток, да не се принесува, бидејќи тоа ќе Му биде не­пријатно.

213,1; 2 Мојс 12,5; Мал 1,14И ако некој Му принесува на Господ жртва за мир, исполнувајќи завет или по своја волја, тогаш тоа треба да биде од крупниот или од ситниот добиток и да биде без недостаток, за да му биде примена; никаков недостаток не треба да има на неа.

2221,18-21Животно слепо или со скршени крајници, или сакато, или краставо, или со егзема – такви не принесувајте Му на Господ и од нив не давајте на Господ жртва на жртвеникот.

23Животно од крупниот или од ситниот добиток со предолги или со претерано куси нозе можеш да принесеш како жртва по своја волја: но ако е за завет, нема да се прими.

24Животно со смачкани, згмечени, извадени или исечени тестиси не принесувај Му на Господ; во земјата ваша не правете го тоа.

25И од рацете на туѓинец не примајте такви животни за да ги принесувате како дарови на вашиот Бог, затоа што тие се повреда, имаат недостаток: тие нема да ви се примат.“

26И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

272 Мојс 22,29„Кога ќе се роди теле, или јагне, или козле, да остане кај мајка си седум дена, а од осмиот ден и натаму ќе може да се принесува како дар на Господ, –

282 Мојс 23,19; 5 Мојс 22,6-7но не колете ни крава, ниту овца, ниту коза во ист ден заедно со нивната рожба.

297,11Ако Му принесувате на Господ жртва од благодарност, со радост принесувајте ја.

307,15Таа да се изеде истиот ден; не оставајте од месото за другиот ден. Јас сум Господ.

315 Мојс 4,2.40; Пс 105,45Пазете ги заповедите Мои и извршувајте ги. Јас сум Господ.

32Не осквернувајте го Моето свето име, за да бидам свет меѓу синовите на Израел. Јас сум Господ, Кој ве осветува,

3311,44-45; 25,38; 26,45; 1 Мојс 17,7; 2 Мојс 6,6; Ер 11,4Кој ве изведов од египетската земја, за да бидам ваш Бог. Јас сум Господ.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help