1 9,1 Потоа видов како од небото слегуваше ангел кој го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја:
212,7.9; Мт 12,28-29го фати змевот, древната змија, која е ѓаволот и сатаната – и го врза за илјада години;
3потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до завршувањето на илјада години; по ова време тој треба да биде пуштен за малку време.
41,2; 5,10; 6,9; 19,20; Дан 7,9.22.27; Мт 19,28; Лк 22,30; 1 Кор 6,2И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и душите чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние што не му се поклонија на ѕверот ниту на неговата биста, и не примија белег на челата свои и на рацете свои и оживеаја и царуваа со Христос илјада години.
5Другите, пак, од умрените не оживеаја додека не се навршија илјада години. Тоа е првото воскресение.
61,6; 2,11; 5,10; 2 Мојс 19,6; Ис 61,6Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и ќе царуваат со него илјада години.
Поразот на сатаната7А кога ќе се навршат илјада години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој,
87,1; Ез 7,2и ќе излезе да ги лаже народите по четирите краишта на земјата, Гог и Магог, и да ги собере за војна; нивниот број е колку морскиот песок.
92 Цар 1,10.12; Ез 38,22; Пс 78,68; 87,2; Лк 21,24Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град; падна од Бога оган небесен и ги проголта.
1019,20; 21,8; 1 Мојс 19,24; Ис 30,33А ѓаволот, што ги лажеше, беше фрлен во огнено и сулфурно езеро, каде што е ѕверот и лажниот пророк; тие ќе бидат мачени дење и ноќе во векови.
Конечниот Суд11 Дан 7,9-10; Мт 25,31-46 Пс 114,3.7; 2 Птр 3,7.10.12 И видов голем бел престол и Седнатиот на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и за нив место не се најде.
123,5; 13,8; 17,8; 20,15; 21,27; 2 Мојс 32,32-33; Ис 59,18; Пс 28,4; 69,28; Изреки 24,12; Дан 12,1; Рим 2,6; 1 Кор 3,8; 2 Кор 11,15; Фил 4,3; 2 Тим 4,14Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни.
13Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои.
1421,4А смртта и пеколот беа фрлени во Огненото Езеро. Тоа е втората смрт.
153,5; 13,8; Дан 12,1И кој не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во Огненото Езеро.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.