1 .
16Мт 10,3-4; Јн 14,22; Дела 1,13Јуда Јаковов и Јуда Искариот, кој Го предаде.
Исус и народот(Мт 4,24-25; Мк 3,7-11)17 Мк 3,8 Па откако слезе заедно со нив, Тој се задржа на едно рамно место; беа таму и мнозина Негови ученици и многу луѓе од цела Јудеја и Ерусалим и од приморјето Тирско и Сидонско.
18Тие беа дојдени да Го слушаат и да се исцелат од болестите свои, а и оние што страдаа од нечисти духови беа излечени.
195,17; 8,46; Мт 14,36; Мк 3,10; 5,30И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите.
За блажените(Мт 5,1-12)20 4,18; 10,21; 18,14; Ис 30,18; 32,20; Пс 32,1-2; 33,12; 34,19; 84,5; Изреки 8,32.34; Мт 3,2 А Тој, откако ги подигна очите кон учениците Свои, им говореше: „Блажени сте вие, сиромашните, зашто ваше е царството Божјо!
21Ис 25,6-9; 49,10; 61,3; Ер 31,25; Пс 126,5-6; Откр 7,16-17Блажени сте вие, што сега гладувате, зашто ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, зашто ќе се смеете!
22Мт 8,20; Мк 13,13; Јн 9,22; 16,2; 1 Птр 4,14Блажени ќе бидете кога ќе ве намразат луѓето и ќе ве отфрлат и ќе ви нанесат срам, и ќе го разгласат името ваше како лошо, заради Синот Човечки!
2313,33-34; 2 Лет 36,16; Мт 21,35; 23,30-31Зарадувајте се во оној ден и заиграјте од радост, зашто голема е наградата ваша на небото. Зашто и нивните татковци така постапуваа со пророците!
2411,42-52; 16,25; Ис 5,8; Ер 17,5-6; Амос 6,1; Авак 2,6; Проп 10,16; Мт 11,21; Јк 5,1-5Но тешко вам богати, зашто веќе сте ја примиле својата утеха!
25Тешко вам презаситени сега, зашто ќе огладните! Тешко вам што се смеете сега, зашто ќе заридате и ќе заплачете!
26Јк 4,4Тешко вам кога ќе почнат сите луѓе да зборуваат добро за вас. Зашто и нивните татковци така им правеа на лажните пророци!
Љубов кон непријателите(Мт 5,38-48)27Но вам, што слушате, вам ви велам: љубете ги непријателите свои; правете им добро на оние што ве мразат;
28Рим 12,14благословувајте ги оние што ве колнат, молете се за оние што ве навредуваат!
29Плач 3,30; Јн 18,22-23; Дела 23,3На оној што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот; а на оној што сака да ти ја земе наметката, подај му ја и кошулата.
30Секому, кој ти бара, подај; од оној што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати!
31Мт 7,12; Рим 13,8-10Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив!
32И ако ги сакате оние што вас ве љубат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците ги милуваат оние што ги сакаат нив.
33И ако им правите добро на оние што вам ви прават добро, каква ви е наградата? Зашто и грешниците го прават истото.
34И ако им дадете заем на оние од кои се надевате дека ќе ви го вратат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците им даваат заем на грешници за да им се врати истото.
353 Мојс 25,35-36; 5 Мојс 15,8Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот; зашто Тој е добар кон неблагодарните и кон лошите.
Милосрдност кон ближниот(Мт 5,48; 7,1-12; 15,14; 10,24-25; 7,3-5)36 2 Мојс 34,6; 5 Мојс 4,31; Пс 78,38; 86,15 И така, бидете милосрдни како што е милосрден вашиот Отец.“
37Мт 6,14; Мк 11,25; Рим 14,10„Не судете и нема да бидете судени, и не осудувајте, за да не бидете осудени; проштавајте и ќе ви биде простено;
3816,9; Рута 3,15; Мк 4,24давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполна ќе ви дадат в пазуви; зашто со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.“
39Мт 15,14; Рим 2,19И им кажа парабола: „Може ли слеп слеп да води? Зарем нема и обајцата да паднат во јама?
40Мт 10,24-25; Јн 13,16; 15,20Нема ученик поголем од својот учител; но секој што ќе се усоврши, ќе биде како и учителот негов.
41И зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш?
42Или, како можеш да му кажеш на својот брат: дозволи, брате, да ти ја извадам раската од окото твое, кога сам не ја гледаш гредата во своето око? Лицемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на својот брат.“
Вистинскиот ученик(Мт 7,16-21; 12,33-37)43„Зашто, нема добро дрво што дава лош плод, ниту лошо дрво, што дава добар плод.
44Мт 7,16; 12,33; Јк 3,11-12Секое, пак, дрво се познава според својот плод; бидејќи не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од капина.
45Добриот човек од добрата ризница на своето срце изнесува добро, а лошиот човек од лошата лошо, зашто неговата уста го зборува она со што му е исполнето срцето.“
Две куќи(Мт 7,21-27)46 Ис 29,13; Мал 1,6-7; Мт 7,21; Мк 7,6; Рим 2,13; Јк 1,22.25; 1 Јн 2,17 „И зошто Ме довикувате: ‚Господи, Господи!‘ а не го извршувате она што ви го кажувам?
47Ќе ви кажам на кого прилега секој што доаѓа кај Мене, ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува.
48Тој прилега на човек кој градел куќа, па копал длабоко, и поставил темели на камен; а кога настана поплава, реката напна на таа куќа и не можеше да ја помести, зашто беше основана на камен.
49А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек што изградил куќа на земја, без темели; и кога напна реката, веднаш ја урна, и остана голема урнатина од таа куќа.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.