2 Самоилова 23 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Последните Давидови пораки

1 7,8-9; 1 Сам 16,12-13; Пс 78,70; 89,20-38 Еве ги последните Давидови зборови: „Слово на Јишаевиот син Давид, беседа на мажот, кој е високо поставен, на помазаникот на Бога Јаковов и на слаткопевецот Израелов:

22 Птр 1,21‚Духот Господов говори преку мене, и словото Негово е на јазикот мој.

322,2.32; Пс 78,35

2 Лет 19,7Рече Бог Израелов, карпата Изра­елова ми говори: Оној што гос­подари со луѓето, нека биде праведен, да господари со страхопочит кон Бога.

4Суд 5,31; Изреки 4,18И како што изутрина на разденување, при изгрејсонце на безоблачно небо, од греењето по дожд израснува од земјата трева,

57,16; Ис 55,3; Пс; 132,11-12така е и со мојот дом во Бога. Зашто Тој направи со мене завет ве­чен, цврст и неизменлив. Така излегува од Него сето мое спасение и сета моја желба.

6А нечестивите ќе бидат како исфрлено трње, кое не се фаќа со рака;

7но кој сака да се допре до него, се вооружува со железо или со дрво од копје, и на местото во оган го изгорува.‘“

Давидовите воини

8Еве ги имињата на јунаците Дави­дови: Тахкемониецот Јошев-Баше­вет, главен меѓу тројцата: тој го крена копјето свое против осумстотини души и ги порази наеднаш.

9По него беше Елеазар, син од братот на татко му, еден од тројцата јунаци што беа со Давид и кои со префрлувања ги предизвикуваа Филис­тејците, кога тие се беа собрале да војуваат.

10Израелците излегоа против нив, и тој застана и ги поразуваше Филистеј­ците дотаму, додека му се измори раката и се прилепи до мечот. И во тој ден Господ даде голема победа, и народот тргна по него, само за да ги собира убиените.

11По него – Шама, син на Агеј од Харар. Кога Филистејците се собраа на едно место, каде што имаше нива засеа­на со леќа, народот избега од Филис­тејците,

12но тој застана среде нивата и ја заштити и ги порази Филистејците. И тогаш Господ даде голема победа.

135,17-18; 1 Сам 22,1Тие тројца главни меѓу триесетте војводи тргнаа и на почетокот на жет­вата влегоа кај Давид во Адулам­ската пештера, додека филистејските војници логоруваа во Рефаимската Долина.

14Тогаш Давид беше во укрепено место, а филистејската војска во Вит­леем.

15Давид побара да пие и рече: „Кој ќе ми донесе да пијам вода од витлеемскиот кладенец што е покрај портите?“

16Тогаш тие тројцата јунаци се про­вреа низ филистејскиот логор, зафатија вода од витлеемскиот кладе­нец што е при портите, и зедоа, па му донесоа на Давид. Но тој не сакаше да ја пие, туку ја излеа во слава на Господ,

17и рече: „Да ме чува Господ да го направам тоа! Не е ли тоа крв на луѓето што одеа, со опасност по жи­вотот свој?“ И не сакаше да пие. Ете што извршија тие тројца јунаци!

1810,10.14; 21,17А Авеса, братот на Јоав, а син на Саруја беше началник меѓу тројцата; тој уби со копјето свое триста души и се прослави меѓу тие тројца.

19Меѓу тројцата тој беше многу ис­такнат и им стана началник, но на оние тројца не им беше рамен.

208,18; 20,23; 1 Лет 27,5Ванеја, син на храбриот маж Јо­дај, од Кавцеел, голем по делата, ги порази двајцата синови на Ариил моавски; тој истиот слезе во еден ров и уби лав по снежно време;

21тој уби и еден Египќанец, виден човек; Египќанецот имаше во раката копје, а тој излезе против него со стап и го грабна копјето од раката на Егип­ќанецот и го уби со неговото копје,

22ете, тоа го изврши Јехојадаевиот син Ванеја, и беше славен меѓу тројцата јунаци;

23тој беше повиден од триесетте, но на оние тројца не им беше рамен. И Давид го постави за најблизок изврши­тел на заповедите свои.

242,18; 1 Лет 27,7-8.10Еве ги имињата на јунаците при царот Давид: Асаил, братот на Јоав – во бројот на триесетте; Елханан, синот на Додо, од Витлеем,

25Шама од Харод, Елика од Харод,

26Хелец од Пелет, Ира, синот на Икеш од Текоа,

2721,18Авиезер од Анатот, Мевунај од Хуша,

2823,9Селмон од Ахох, Махарај од Нето­фа,

29Хелев, син на Баана, од Нетофа, Итај, син на Ривај од синовите Венија­минови во Гива,

301 Лет 11,31; 27,14Ванеја од Пиратон, Хидај од Нахале-Гааш.

311 Лет 11,32-33Ави-Алевон од Арава, Азмавет Бархумиецот,

321 Лет 11,34Елијахба од Шаалевон; од синовите на Јашен – Јонатан,

3323,11Шама од Харар, Ахијам, син Шара­ров,

3411,3; 15,12Елифелет, син Ахазбаев, син на еден човек од Маахат, Елијам, син на Ахитофела – Гилонецот.

351 Лет 11,37Хецрај од Кармил, Паарај од Арав,

36Јигал, Натанов син – од Цова, Ваниј од племето на Гад,

37Целек Амонецот, Нахарај Бееро­теецот, оруженосец на Јоав, Саруев син,

38Ира Јитриецот, Гарев Јитриецот,

3911,3.6Урија Хитиецот. Сѐ – триесет и седум.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help