1 час, и Го распнаа.
26И имаше натпис за вината Негова: „Цар Јудејски.“
27 настана темнина по целата земја, до деветтиот час.
34Пс 22,2; Мт 27,46И во деветтиот час Исус извика гласно велејќи: „Елои, Елои, Лама савахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави?“
359,11-13; Мт 11,14Некои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: „Ете, го вика Илија!“
3615,23; Пс 69,21; Мт 27,34; Лк 23,36А еден отрча, натопи сунѓер во оцет, па како го закачи на трска, Му даваше да пие, велејќи: „Почекајте да видиме, ќе дојде ли Илија да Го симне.“
37А Исус, пак, испуштајќи висок глас, издивна.
382 Мојс 26,31-37; Евр 6,19; 9,3.6-12; 10,19-20И завесата на храмот се расцепи на две, одозгора додолу.
39Мт 4,3; 14,33; Јн 1,49; Дела 9,20А стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Тој, откако извика така и издивна, рече: „Навистина Овој Човек бил Син Божји!“
4015,47; 16,1; Лк 8,2; 24,10Имаше и жени што гледаа оддалеку; меѓу нив беше и Марија Магдалена, и Марија, мајката на малиот Јаков и на Јосија, и Саломија,
41кои и тогаш, кога Тој беше во Галилеја, врвеа по Него и Му служеа, и многу други што беа дошле со Него во Ерусалим.
Исусовото погребување(Мт 27,57-61; Лк 23,50-56; Јн 19,38-42)42 Мт 27,62 А кога се стемни веќе, бидејќи беше петок, односно ден спроти сабота,
43Лк 2,25.38дојде Јосиф од Ариматеја, прочуен член на советот, кој и сам го очекуваше царството Божјо, се осмели да влезе кај Пилат и го замоли за телото Исусово.
44Пилат се зачуди дека Тој веќе умрел; и кога го извика стотникот, го праша дали одамна умрел.
45Па штом дозна од стотникот, му го даде телото на Јосиф.
46Дела 13,29А Јосиф купи платно, Го симна и Го обви во плаштаница и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа и навали камен на гробната врата.
4715,40; 16,1А Марија Магдалена и Марија Јосиева гледаа каде Го полагаат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
