1 ?“
5А тие му одговорија: „Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот:
62 Сам 5,2; Мих 5,1; 1 Цар 11,2; Јн 7,42; Евр 7,14‚И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу војводствата Јудини; зашто од тебе ќе излезе Водач што ќе го пасе Мојот народ – Израел.‘“
7Тогаш Ирод тајно ги повика мудреците и го дозна од нив за времето кога се појавила ѕвездата,
81 Сам 23,23па, испраќајќи ги во Витлеем, им рече: „Одете и распрашајте се добро за Младенецот и, штом ќе Го најдете, јавете ми за да одам и јас да Му се поклонам.“
9Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И, ете, ѕвездата, што ја беа виделе на исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре над местото каде што беше Младенецот.
10А кога ја видоа ѕвездата, тие се зарадуваа со многу голема радост.
11Ис 49,23; 60,6; Пс 72,10-15И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; потоа ги отворија своите ковчежиња и Му принесоа дарови: злато, ливан и смирна.
121,20; 1 Мојс 20,3-7; 31,24; 46,2-4; 1 Цар 13,9; Дела 16,9И откако примија предупредување на сон, не се вратија веќе кај Ирод, туку си заминаа по друг пат за својата земја.
Бегството во Египет13 1,20; 1 Цар 11,17.40; 2 Цар 25,26; Ер 26,21 А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосиф на сон, велејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби.“
14И тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египет.
151,22; Ос 11,1И таму остана до смртта на Ирод, за да се исполни реченото од Господ преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Синот Свој.“
Убиството на витлеемските деца16Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го надитрија, се разгневи многу и испрати да ги погубат сите машки новороденчиња во Витлеем и по целата негова околина од двегодишна возраст и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците.
17Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Еремија, кој говори:
18Ер 31,15„Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахила ги оплакува своите чеда и не сака да се утеши, зашто ги нема.“
Враќање од Египет. Населување во Назарет19А по смртта на Ирод, ангел Господов му се јави на сон на Јосиф во Египет
202 Мојс 4,19-20и му рече: „Стани, земи го Младенецот и мајка Му, и врати се во земјата израелска, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.“
212,14Тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата израелска.
223,13; 4,23; Ис 8,23; Јн 4,3Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, на местото татка си Ирод, се уплаши да оди таму; и откако доби порака на сон, тој замина во галилејските предели.
2321,11; Ис 11,1; Јн 1,45А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет за да се исполни реченото преку пророците дека Тој ќе се нарече Назареец.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.