1 5 Мојс 6,13; Ис.Н. 23,7; Ер 5,2; Амос 5,21; Мих 3,9 Слушај го ова, доме Јаковов, вие, кои се нарекувате со името на Израел и кои сте произлегле од Јуда, кои се колнете во името Господово, Го спомнувате Бог Израелов, иако не по вистина и не по правда.
252,1; Амос 4,13; Мих 3,11Зашто тие се нарекуваат по светиот град и се потпираат на Бог Израелов; Јахве Саваот е името Негово.
341,22Поранешното Јас однапред го претскажав, и она што од устата Моја излегуваше и Јас го навестував и брзо го вршев, – и сѐ се извршуваше.
42 Мојс 32,9; 5 Мојс 9,6.13; Ер 5,3Јас знаев дека ти си тврдокорен дека во твојот врат има железни жили, и челото ти е бакарно;
542,9; 46,10; Ер 44,18затоа и однапред ти навестував, пред да се случи тоа, и ти навестував, за да не речеш: „Мојот идол го направи тоа, мојот идол и мојот излеан лик заповеда тоа да стане.“
642,9; 43,19Ти си го чул и видел сето тоа! И зар нема да го признаеш тоа? А сега те известувам за нешто ново и сокриено, што ти не си го знаел.
7Тоа се изврши сега, а не одамна и не пред еден ден, и ти не си слушал за него, за да кажеш: „Ете, јас го знаев тоа.“
81,2; 41,26; 43,27; Пс 58,3Ти не си слушал, ниту си знаел за тоа, и увото твое порано не беше отворено; зашто Јас знаев дека ти ќе постапиш вероломно; од самата мајчина утроба си наречен отстапник.
Предупредување за Израел9 41,20; Ез 36,22 Заради името Свое го одлагав Својот гнев и заради славата Своја се воздржував да не те истребам.
10Зах 13,9; Пс 66,10Ете, те пречистив, но не како сребро, те испитав во печката на страдањата.
1142,8; 48,9Заради Себе, заради Самиот Себе го вршам тоа, – зашто, каква навреда би била за името Мое! Славата Своја нема да ја дадам на друг.
1241,4; 44,1.6; Откр 2,8Чуј Ме, Јакове и Израеле, повикан од Мене: Јас сум истиот, Јас сум првиот и Јас сум последниот.
1342,5-6; 45,12; Пс 33,9; Рим 4,17Мојата рака ја основа земјата, Мојата десница го распростре небото; ќе ги повикам, – и тие ќе се постројат.
Господ им се обраќа на народите14 44,18; 53,10 Соберете се сите и слушајте: кој од нив го претскажал ова? Господ го возљуби, и тој ќе ја исполни волјата Негова над Вавилон и ќе ја покаже силата Негова над Халдејците.
1545,13Јас, Јас реков, и го повикав; Јас го доведов, патот негов ќе биде успешен.
1645,19; 61,1Пристапете кон Мене, слушајте го ова: Јас и во почетокот не говорев тајно; и кога се извршуваше тоа, Јас бев таму; и сега Ме испрати Господ Бог и Неговиот дух.
Слушајте Го Господа17 41,14; 44,6 Вака вели Господ, твојот Искупител, Светецот Израелов: Јас сум Господ, Бог твој, Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да одиш.
1866,12О, да беше ги слушал Моите заповеди! Тогаш твојот мир ќе беше како река, и твојата правда – како морски бранови.
1910,22; 1 Мојс 15,5; 22,17; 1 Сам 24,22; Пс 37,38И твоето потомство би било како песок, а породот од утробата твоја, – како зрнцата негови: името твое не би се истребило, нити избришало пред Мене.
2041,8; Ер 50,8; 51,6.45; Пс 126,1-2; Откр 18,4Излегувајте од Вавилон, бегајте од Халдејците, со радосен глас разгласувајте и проповедајте го тоа, ширете ја таа вест до крајот на земјата; кажувајте: „Господ го откупи Својот слуга Јаков.“
2140,3; 2 Мојс 17,1-7; Пс 78,15-16.20Не ожеднуваа тие во пустините, преку кои Тој ги води: Тој им извади вода од камен; пресече карпа – и бликнаа води.
2248,18; 57,21Нема мир за лошите, вели Господ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.