1 бара прошка за народот
11И му рече Господ на Мојсеј: „До кога ќе Ме огорчува овој народ, и до кога нема да Ми верува и покрај сите знаци што ги извршив Јас меѓу него?
12Ќе го казнам со смрт, ќе го уништам, и ќе создадам од тебе народ помногуброен и посилен од овој.“
135 Мојс 9,25-29Но Мојсеј Му рече на Господ: „Ќе чујат Египќаните, од чија средина Ти со силата Своја го изведе овој народ,
142 Мојс 13,21-22и ќе им кажат на жителите на таа земја, кои слушнале дека Ти, Господи, си меѓу овој народ, и дека Ти, Господи, им се јавуваш како лице во лице, и Твојот облак стои над нив, и Ти одиш пред нив дење во облаков столб, а ноќе во огнен столб;
15па, ако Ти го уништиш овој народ до последен човек, тогаш сите оние што слушнале за славата Твоја, ќе речат:
16‚Господ, не можејќи да го воведе овој народ во земјата што со клетва му ја вети, го погуби во пустината.‘
172 Мојс 34,6-7И така, нека се возвеличи силата Твоја, Господи, како што рече, велејќи:
182 Мојс 20,5-6; 34,6-7; 5 Мојс 5,9-10‚Господ е долготрпелив и многумилостив, Кој ги простува беззаконијата и престапите, и не остава без казна, туку за беззаконијата на предците ги казнува потомците дури до третото и четвртото колено.‘
19Прости им го гревот на овие луѓе поради Твојата преголема милосрдност, како што си му простувал на овој народ од Египет до тука.“
20И рече Господ: „Простувам според зборот твој;
21Пс 72,19но жив сум Јас, и целата земја е полна со славата Господова:
22затоа сите оние што ја видоа славата Моја и делата Мои што ги извршив во Египет и во пустината, и Ме искушуваа веќе десетпати, и не го послушаа гласот Мој,
232 Мојс 33,1; Пс 95,11; Евр 3,18нема да ја видат земјата што со клетва им ја ветив на предците нивни; сите оние што Ме огорчуваа, нема да ја видат;
24Ис.Н. 14,8.14; Пс 25,13; 39,9.11но Мојот слуга Халев, поради тоа што во него имаше друг дух, и затоа што Ми беше наполно верен, него ќе го воведам во земјата, во која тој отиде, и неговото потомство ќе ја наследи.
251 Цар 9,26Амаликијците и Хананците живеат во долината; затоа утре вратете се и одете во пустината кон Црвеното Море!“
Господ го казнува Својот народ26И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:
272 Мојс 16,12„До кога овој лош народ ќе негодува против Мене? Јас го слушам негодувањето на синовите израелски што го упатуваат против Мене.
28Кажи им: Жив сум Јас, вели Господ – како што вие Ми говоревте во ушите Мои, така ќе ви направам и Јас вам;
292 Мојс 30,12; 1 Кор 10,5; Евр 3,16-19; Јуда 1,5во оваа пустина ќе паднат телата ваши, и сите вие преброени, колку што сте на број, од дваесет години и нагоре што се буните против Мене,
302 Мојс 6,8; Пс 106,26; Неем 9,15нема да влезете во земјата, во која Јас со крената рака решив да ве населам, освен Халев, Јефунеовиот син, и Исус, Навиновиот син;
31децата ваши, за кои велевте дека ќе станат плен, ќе ги воведам таму, и тие ќе ја познаат земјата што вие ја презревте;
32а вашите трупови ќе паднат во оваа пустина;
332 Мојс 16,35; Дела 13,18синовите ваши, пак, ќе скитаат по пустината четириесет години и ќе страдаат, носејќи го вашиот грев сѐ додека не загинат телата ваши во пустинава;
34според бројот на четириесетте дена, во кои ја разгледувавте земјата, вие ќе страдате за гревовите ваши четириесет години, година за ден, па да разберете што значи да бидете напуштени од Мене.
35Јас, Господ, ви велам дека така и ќе постапам со сиов овој народ, востанат против Мене: во оваа пустина сите ќе изгинат и ќе изумрат.“
36И оние, кои Мојсеј ги испрати да ја разгледаат земјата и, кои по враќањето свое, се побунија пред сиов овој народ против него, ширејќи лоши гласови за земјата,
375 Мојс 4,3; 1 Кор 10,10; Евр 3,17оние што ширеа лоши гласови за земјата, умреа, казнети пред Господ;
38Ис.Н. 14,6само Исус, синот Навинов, и Халев, синот Јефунеов, останаа живи од оние мажи, кои беа отишле да ја разгледаат земјата.
392 Мојс 33,4И ги кажа Мојсеј тие зборови пред сите синови израелски, а народот многу се разжалости.
Народот одново е непослушен40 2 Мојс 9,27 И кога станаа рано утредента, се искачија на врвот од планината, велејќи: „Ете, ќе отидеме на она место, за кое Господ рече, бидејќи згрешивме.“
412 Лет 24,20Но Мојсеј рече: „Зошто ја пренебрегнувате заповедта Господова? Нема да успеете:
42не одете горе, бидејќи Господ не е меѓу вас; и ќе паднете од непријателите ваши,
43Ис.Н. 6,27; Суд 3,13; 1 Сам 3,19зашто таму пред нас се Амаликијците и Хананците, и ќе паднете од нож, зашто не Му се покоривте на Господ, и Господ нема да биде со вас.“
44Но тие решија и се искачија на врвот од планината; а ковчегот на заветот Господов и Мојсеј не се одделија од логорот.
45Суд 1,17; 1 Сам 30,30И слегоа Амаликијците и Хананците што живееја на онаа планина, ги разбија и ги гонеа дури до Хорма.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.