Захарија 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Божјо ветување за Сион

1И пак дојде слово од Господ Саваот:

21,14; Јоил 2,18вака вели Господ Саваот: „Љубомо­рен сум за Ерусалим и за Сион со голема ревност и со голем гнев горам за него.“

3Ис 1,26; 60,14; Ер 33,16; Пс 2,6Така вели Господ: „Ќе се вратам во Сион и ќе живеам во Ерусалим, и Ерусалим ќе се вика град на верноста, и гората на Господ Саваот ќе се вика – Света Гора.“

45 Мојс 4,40; Ис 65,20; Пс 91,16Така вели Господ Саваот – „И пак старци и старици ќе седат по улиците на Ерусалим, секој со стапчето свое поради големата старост своја.

5Мт 11,16А и улиците на тој град ќе се исполнат со момчиња и девојки, кои ќе си играат по улиците негови.“

61 Мојс 18,14; Ер 32,17.27; Лк 1,37Вака вели Господ Саваот: „Ако во очите на другите им биде чудно во тие дни, зар ќе биде тоа чудно и во очите Мои?“ – вели Господ Саваот.

7Ис 43,5Вака вели Господ Саваот: „Ете, Јас ќе го спасам Својот народ од источната земја и од западната;

813,9; 1 Цар 8,34; Ер 31,31; Ос 2,25; Пс 14,7; Неем 1,9ќе ги доведам, и тие ќе живеат во Ерусалим и ќе бидат Мој народ, и Јас ќе им бидам нивни Бог, во верност и во правда.“

9Суд 7,11; Агеј 1,15Така вели Господ Саваот: „Поткре­пете ги сега рацете свои вие, што ги слушавте овие зборови од устата на пророците, кои беа при основањето на домот за Господ Саваот, за да се изгради храмот.

10Агеј 2,15Зашто пред оние дни немаше ни плата за човек ниту награда за трудот на животното; немаше спокојство од непријателите ни за оној што доаѓаше, ниту за оној што си одеше; и дозволував Јас секој човек да му е непријател на друг човек.

11Ис 4,3А сега за остатокот од овој народ Јас нема да сум таков како во поранеш­ните денови“ – вели Господ Саваот.

12Ер 3,18; 12,14; Ос 2,23.24; Пс 85,12Зашто сеидбата ќе се врши во мир, лозата ќе го даде својот плод, земјата ќе го даде својот род, а и небесата ќе ја даваат својата роса; и сето тоа ќе го предадам на остатокот од овој народ.

131 Мојс 12,3; Ис 19,24; Пс 72,17И како што вие, доме Јудин и доме Израелов, бевте проколнати меѓу народите, така ќе ве избавам, и вие ќе бидете благословени; не плашете се, рацете ваши нека се поткрепат!

14Ер 4,28; 32,42Зашто така вели Господ Саваот: „Како што бев определил да ве казнам, кога татковците ваши Ме разгневија – вели Господ Саваот – и не зажалив,

15Ер 18,8; Јоил 2,13; Амос 7,3; Јона 4,2така пак определив во овие дни на Ерусалим да му направам добро и на домот Јудин; не плашете се!

16Амос 5,10; Мт 5,9; Ефес 4,25Еве ги наредбите што треба вие да ги извршувате: зборувајте вистина еден на друг; праведно и мирољубово судете пред градските порти.

177,10; 1 Кор 13,5Никој од вас да не му мисли зло на ближниот свој, и не посакувајте лажна клетва, зашто сето тоа Јас го мразам“ – говори Господ.

Време на прославување

18И дојде слово до мене од Господ Са­ваот:

192 Цар 25,3; Ис 35,10; Ер 31,13; Пс 90,15; Мт 9,14-15; Јн 16,20Вака вели Господ Саваот: „Постот во четвртиот месец, постот во петтиот, постот во седмиот и постот во десеттиот месец за домот Јудин ќе бидат радост и голема веселба, само сакајте ги вистината и мирот.“

20Така вели Господ Саваот: „Уште ќе доаѓаат народи и жители од многу градови,

21Пс 9,10и ќе дојдат жителите од еден град кај жителите во друг град, – па ќе ре­чат: да дојдеме да се помолиме пред ли­цето на Господ и да Го побараме Господ Саваот; тогаш секој ќе рече – ќе појдам и јас.

22Ис 2,3; Мих 4,1-3И ќе доаѓаат многу племиња и на­роди силни, за да Го бараат Господ Са­ваот во Ерусалим и да се помолат пред лицето на Господ.“

23Ис 7,14; Ест 2,5; 3,6.10; Неем 1,2; 1 Кор 14,25Така вели Господ Саваот: „Во тие дни ќе се фаќаат по десет души од разни народи за полата од Јудеец и ќе речат – ќе појдеме со тебе, зашто чувме дека Бог е со вас.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help