1 Самоилова 13 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Гневот против Филистејците. Гревот на Саул

1 .

210,26Саул си одбра три илјади Израелци: две илјади беа заедно со Саул во Михмас и во гората ветилска, и илјада беа со Јонатан во Гива Венијаминова: а останатиот народ тој го испрати во нив­ните шатори.

310,5; Суд 3,27; 6,34; 2 Сам 20,1Јонатан ја разби филистејската стража што беше во Гева; Филистејците слушнаа за тоа, а Саул затруби со труба по целата земја, викајќи: „Нека слуш­нат Евреите!“

427,12; 1 Мојс 34,30; 2 Мојс 5,21; 2 Сам 10,6; 16,21Кога сиот Израел слушна дека Саул ја разбил филистејската стража и дека Израел станал омразен за Филистеј­­ците, – народот се собра кај Саул во Гилгал.

5Ис.Н. 11,4; Суд 7,12; 2 Сам 17,11А Филистејците се собраа за војна против Израел: триесет илјади коли и шест илјади коњица, и мноштво народ, како песокот на морскиот брег; и дојдоа, та поставија логор во Михмас, на исток од Бет-Авен.

614,11; Суд 6,2Израелците, откако видоа дека се во опасност, бидејќи народот беше притеснет, се криеја во пештери и дупки, во камени места, во пукнатини и ровови;

7а некои од Евреите минаа од онаа страна на Јордан, во земјата Гадова и Галаадска; Саул, пак, беше уште во Гилгал, и сиот народ што беше со него, се беше уплашил.

810,8И тој чекаше седум дена до рокот, означен од Самоил, но Самоил не доаѓаше во Гилгал. И народот почна да се разбегува од него.

97,9И Саул рече: „Донесете го кај мене одреденото за сепаленици и за жртви за благодарност.“ И принесе жртва.

1015,13А штом заврши со принесувањето на жртвата, ете дојде Самоил, и Саул му излезе во пресрет да го поздрави.

11А Самоил запраша: „Што си напра­вил?“ Саул одговори: „Видов дека народот се разбега од мене, а ти не дојде во закажаното време. Филистејците пак се беа собрале во Михмас,

122 Мојс 32,11тогаш си помислив: ‚Сега ќе се спу­штат врз мене Филистејците во Гил­гал, а јас, пак, сѐ уште не сум Го прашал Господа, па затоа решив да принесам жртва.‘“

1315,11-12; 2 Сам 24,10; 2 Лет 16,9И Самоил му рече на Саул: „Лошо си постапил што не си ја исполнил заповедта на Господ, твојот Бог, која ти беше дадена, зашто денес Господ сака­ше да го зацврсти царувањето твое над Израел засекогаш.

1415,28; 2 Сам 6,21; 1 Цар 8,16; Ер 3,15А сега твоето царување не ќе може да опстане: Господ ќе си најде маж според срцето Свое и ќе го назначи за владетел над народот Негов, зашто ти не го исполни она што ти беше заповедал Господ.“

15И стана Самоил, та отиде од Гилгал во Гива Венијаминова; а Саул ги преброи луѓето што беа со него. Тие беа околу шестотини мажи.

16Саул со синот свој Јонатан и луѓето што се наоѓаа покрај нив, поставија логор во Гева Венијаминова, а Филис­тејците беа во логорот во Михмас.

1711,11И од филистејскиот логор излегоа три чети за да ја опустошуваат земјата: едната тргна по патот за Офра, во земјата Шуал,

18другата чета тргна по патот за Веторон, додека третата појде по патот кон границата на долината Цевоим, кон пустината.

19Суд 5,8; 2 Цар 24,14Во сета израелска земја немаше ковачи, бидејќи Филистејците се пла­шеа да не направат Евреите мечеви или копја.

20И сите Израелци требаше да одат кај Филистејците за да ги наострат своите рала, мотиките, секирите и ко­пачите,

21кога ќе отапеше сечилото на ралата, мотиките, вилите и секирите, или пак требаше да се наострат остените.

22Затоа во текот на војната немаше ниту меч, ниту копје во сиот народ што беше со Саул и Јонатан, а имаа само Саул и неговиот син Јонатан.

23И филистејската стража излезе во теснецот кај Михмас.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help