Јона 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Молитвата на Јона и неговото избавување

1 Мт 12,40 И ѝ заповеда Господ на една голема риба да го проголта Јона; и Јона остана во утробата на тој кит три дена и три ноќи.

2Му се помоли Јона на својот Господ Бог од утробата на рибата,

3Пс 120,1; 130,1; Плач 3,55па рече: „Кон Господ повикав во мо­јата неволја и Тој ме чу; извикав од утробата на пеколот – и Ти го чу гласот мој.

4Пс 42,7Ти ме фрли во длабините, во срцето на морето, и вода ме опколуваше, и сите води Твои и бранови Твои минуваа преку мене.

5Ер 32,19; Пс 5,7; 31,23; Мих 1,2Тогаш реков: Отфрлен сум од очите Твои, како ќе ја видам светињата Твоја?

6Пс 69,1Ме притиснаа водите до гушата мо­ја, бездната ме затвори; со трева морска главата моја е обвиена.

7Пс 16,10; 30,4; Јов 33,18Слегнав до корените на планините, земјата со резињата свои за навек ме затвори, но Ти, Господи, Боже мој, ја изведе душата моја од јамата.

8Кога животот ми згаснуваше, се сетив на Господ, и молитвата моја сти­г­на до Тебе, до светиот храм Твој.

9Ис 31,7Оние, кои почитуваат лажни богови, Го оставија својот Милосрден,

10Пс 3,8; 22,26но јас со благодарствена песна ќе Ти принесам жртва; она што сум го ветил, ќе го исполнам. Во Господ е спа­сението!“

11Тогаш ѝ заповеда Господ на рибата, и таа го исфрли Јона на копното.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help