Псалми 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ПСАЛМ 19Божјата слава во создавањето и законот Негов

1Небесата ја објавуваат Божјата сла­ва, а за делата на рацете Негови известува сводот небесен.

250,6; 89,5; 97,6; 147,4-5; 147,15-20; 1 Мојс 1,1-8; 1,14-19; Јов 38,7; 38,30-32; Изреки 8,22-31; Рим 1,20Ден на денот објавува, и ноќ на ноќта знаење открива.

3Нема јазик, ниту, пак говор, во кој не се слуша нивниот глас.

4Сепак, нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата на светот. На небото му постави шатор на сонцето, кое

5Рим 10,18излегува како младоженец од брач­ното легло, се радува како силен јунак што ја прелетува патеката.

6Од крајот на небесата е излезот негов, и патувањето негово до другиот крај; ништо не е сокриено од топлината негова.

7Непорочен е законот Божји – души­те ги укрепува; верно е откровението на Господ – ги учи неуките,

8и Господовите повелби се праведни – го веселат срцето; Господовата заповед зрачи светлина; ги просветлува очите.

9Страхопочитта кон Господ е чиста – пребива довека; судовите Господови се вистина – сите се праведни;

1012,6; Јк 1,27поскапи се од злато и од скапоцени камења – послатки се од восочен мед.

11119,127; 119,103Слугата Твој ги пази; а кој ги пази, голема награда добива.

12Кој може да ги согледа своите грешки? И од оние тајни гревови очис­ти ме,

13и од горделивост запази го слугата Твој, за да не овладее со мене. Тогаш јас ќе бидам непорочен и ќе бидам очистен од големите престапи.

14Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благо­угодни пред Тебе, Господи, Карпо моја и избавителе мој!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help