1 Ез 47,1; Зах 14,8; Јн 4,10; 7,38 И ми покажа река со вода на животот, бистра како кристал, која извираше од престолот на Бога и на Јагнето.
22,7; 1 Мојс 2,9; 3,22; Ез 47,12Среде неговата улица и од двете страни на реката имаше дрво на животот, што раѓа плодови дванаесет пати, давајќи плод секој месец; а лисјата на дрвото служат за исцелување на народите.
31 Мојс 3,22-24; Зах 14,11И нема веќе да има никакво проклетство; престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во него и Неговите слуги ќе Му служат.
43,12; Пс 16,15; 42,3; Мт 5,8; 1 Кор 13,12; 1 Јн 3,2Тие ќе го гледаат Неговото лице, а Неговото име ќе им биде на нивните чела.
55,10; 20,6; 21,23.25; Ис 60,19И таму не ќе има ноќ, ниту потреба од светило и од сончева светлина, бидејќи Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе царува во вечни векови.
Исусовото враќање6 1,1; 19,9; Дан 8,26 И ми рече: „Овие зборови се верни и вистинити; и Господ Бог на духовите на пророците, го испрати Својот ангел, за да им покаже на Своите слуги што ќе стане наскоро.
71,3; 2,16И еве, доаѓам скоро; блажен е оној кој ги пази зборовите на пророштвото од оваа книга!“
819,10И јас, Јован, го чув и го видов ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот што ми го покажа ова.
9Но тој ми рече: „Застани, немој, и јас сум слуга како и ти, и твоите браќа – пророците и оние што ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!“
101,3; 10,4И ми рече: „Не запечатувај ги зборовите на пророштвото од оваа книга, бидејќи времето е блиску!
11Дан 12,10Кој врши неправда, уште нека врши неправда; и кој е нечист, уште нека се валка; и кој е праведен, уште нека врши правда; и кој е свет, уште нека се осветува.
122,16.23; Ис 40,10; 62,11; Ер 17,10; Пс 27,4; 61,12; Изреки 24,12; Рим 2,6; 2 Кор 11,15; 2 Тим 4,14Еве, ќе дојдам скоро, и Мојата плата е со Мене, за да му дадам секому според неговите дела.
131,8.17; 21,6; Ис 41,4; 44,6Јас сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Крајот!
141,3; 2,7; 7,14; 22,2; 1 Мојс 2,9; 3,22Блажени се оние што ги исполнуваат Неговите заповеди, за да имаат право на дрвото на животот и да влезат во градот низ портите.
1521,8; 4 Мојс 5,1-4; Рим 1,29; 1 Кор 6,9-10А надвор се кучињата, маѓесниците, блудниците, убијците, идолопоклониците и секој што ја сака лагата и лаже.
162,28; 4 Мојс 24,17; Ис 11,1; Рим 1,3Јас, Исус, го испратив Својот ангел да ви го посведочи ова по црквите. Јас сум коренот и потомокот Давидов, сјајната ѕвезда Деница.“
1721,6; Ис 55,1; Јн 7,37И Духот и невестата велат: „Дојди!“ И кој ќе чуе, нека каже: „Дојди!“ И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе бесплатно од водата на животот.
Заклучок18 5 Мојс 4,2 Јас му сведочам на секој што ги слуша зборовите на пророштвото од оваа книга. Ако некој нешто додаде кон нив, нему Бог ќе му ги даде напастите опишани во оваа книга.
1922,2.14; 1 Мојс 2,9; 3,22; Ез 47,12И ако некој одземе од зборовите на книгата на ова пророштво, Бог ќе го одземе неговиот дел од дрвото на животот и од светиот град, што се опишани во оваа книга.
202,16; 3,11; Дела 3,20-21; 1 Кор 15,23Зборува оној што го сведочи ова: „Да, ќе дојдам скоро!“ – Амин! „Да, дојди, Господи Исусе!“
212 Сол 3,18Благодатта на Господ Исус Христос нека биде со сите светии. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.