1 Рим 7,23; 1 Птр 2,11 Од каде се борбите и расправиите меѓу вас? Зар не од вашите сладострастија, што војуваат во вашите органи?
2Посакувате и немате; убивате и завидувате, и не можете да добиете; се борите и војувате, а немате, бидејќи не барате.
31,5А и кога барате, не добивате, зашто лошо барате, за да го трошите на вашите сладострастија.
4Ос 3,1; Мт 12,39; 16,4; Рим 8,7; 1 Јн 2,15Прељубници и прељубнички, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство со Бога? Оној што сака да му е пријател на светот, Му станува непријател на Бога.
51 Мојс 6,3; 2 Мојс 20,5Или, пак, мислите дека Писмото напразно вели: „Тој со ревност го љуби духот што го вселил во нас.“
6Изреки 3,34; Мт 23,12; 1 Птр 5,5Но Тој дава поголема благодат; затоа е речено: „Бог се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат.“
7Ефес 6,12-13; 1 Птр 5,8-9Па затоа, покорете Му се на Бога; а спротивставете му се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас.
8Ис 1,16; Зах 1,3; Мал 3,7Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, вие грешните, осветете ги своите срца, вие колебливите!
9Тагувајте, плачете и липајте: вашата смеа нека се претвори во плач, а радоста во тага!
10Јов 5,11; 1 Птр 5,6Понизете се пред Господ и Тој ќе ве воздигне!
Кој си ти да го судиш ближниот?11Не клеветете се еден со друг, браќа: зашто, кој го клевети својот брат или го суди, тој го клевети Законот и го суди Законот. А ако, пак, го судиш Законот, тогаш ти не си извршител на Законот, туку судија.
12Рим 2,1; 14,4Еден е Законодавецот и Судијата, Кој може да спаси и да погуби: а кој си ти да му судиш на другиот?
Лоша самодоверба13 Изреки 27,1; Лк 12,18-20 Слушајте сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе одиме во оној град и таму ќе останеме една година, ќе тргуваме и ќе спечалиме“,
14а не знаете што ќе стане утре. Што е вашиот живот? Тој е пареа, која се појавува за кратко време, па исчезнува.
15Дела 18,21; Рим 1,10; 1 Кор 4,19Место да велите: „Ако Господ сака да бидеме живи, ќе го направиме и ова и тоа.“
16А сега се фалите со својата надменост. Секоја таква фалба е зла.
17Лк 12,47И така, ако некој знае да прави добро, а не го прави, тој прави грев.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.