Римјаните 6 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Мртов за гревот, жив во Христос

1 3,5-8; 6,15 И така, што да речеме? Да останеме ли во гревот, за да се умножи бла­годатта?

21 Птр 2,24; 4,1Никако! Како ние, кои сме умреле за гревот, и натаму да живееме во него?

3Дела 8,16; Гал 3,27; 2 Тим 2,11Зар не знаете дека сите ние што се крстивме во Христос Исус, во Не­говата смрт се крстивме.

4Кол 2,12И така, ние се погребавме со Него преку крштевањето во смртта, за да мо­жеме, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние да зачекориме во нов живот.

5Ефес 2,6; Фил 3,10-11Зашто, ако сме сраснати во смрт слична на Неговата, тогаш ќе сраснеме и во воскресението,

6Гал 5,24; Ефес 4,22-24; Кол 3,9-10знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде умртвено гревовното тело, па да не му робуваме на гревот;

71 Птр 4,1бидејќи оној што умрел е ослободен од гревот.

82 Тим 2,11А ако сме умреле со Христос, веруваме дека со Него и ќе живееме,

9Дела 13,34; Откр 1,18знаејќи дека Христос, откако воскресна од мртвите, не умира веќе: смртта веќе не господари над Него.

10Гал 2,19; Евр 9,26-28; 1 Птр 3,18Бидејќи тоа што Тој умре, за гревот умре, еднаш засекогаш, а тоа што жи­вее, за Бога живее.

112 Кор 5,15; Гал 2,19; 1 Птр 2,24Па така и вие сметајте се себеси мртви за гревот, а живи за Бога во Христос Исус, нашиот Господ.

12Гревот, пак, нека не царува во вашето смртно тело, за да не му бидете покорни при страсните желби;

136,19и вашите телесни органи не предавајте му ги на гревот како орудија на неправедноста, туку препуштете Му се на Бога како оние што оживеале од мртвите, и вашите телесни органи предадете Му ги на Бога, ка­ко орудија на праведноста.

14Гал 5,18; 1 Јн 3,6Гревот нема да господари над вас, зашто вие не сте под Законот, туку под благодатта.

Робови на праведноста

15 6,1 Па што? Да грешиме ли, бидејќи не сме под Законот, туку под благодатта? Никако!

16Мт 6,24; Јн 8,34; 2 Птр 2,19Не знаете ли дека, предавајќи се себеси некому како слуги за пос­луш­ност, му станувате слуги на тој што го слушате: или на гревот – кој води во смрт, или на послушноста – која води кон праведност?

17Но, фала Му на Бога, иако бевте слуги на гревот, од сѐ срце го послушавте оној образец на учење, на кого се предадовте.

188,2; Јн 8,23.36; Гал 5,13И така ослободувајќи се од гревот, вие станавте слуги на праведноста.

193,5; 12,1Ви зборувам по човечки поради слабоста на вашата природа. Како што ги препуштивте вашите телесни органи во служба на не­чистотата и на беззаконието – за беззаконие, така сега предадете ги вашите органи, во служба на праведноста – за светост.

20Додека му бевте слуги на гревот, бевте слободни од праведноста.

217,5; 8,6.13.21И каков плод имавте тогаш од нештата за кои сега се срамите? Бидејќи нив­ниот крај е смртта.

22Јн 15,8.16Но сега, кога се ослободивте од гре­вот и Му станавте слуги на Бога, го имате вашиот плод – за светост, и крајот – животот вечен.

235,12.15.21; Гал 6,7-8; Јк 1,15Зашто, платата на гревот, е смрт, а Божјиот дар – вечен живот во Христос Исус, нашиот Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help