1 12,14; 5 Мојс 19,15; Мт 18,16; 1 Тим 5,19 Ова е третпат како доаѓам кај вас: „Од устата на двајца или тројца сведоци ќе се потврди секој збор.“
210,11; 12,21Како што ве предупредив, кога бев по вторпат кај вас, така и сега, кога не сум меѓу вас, ги предупредувам оние кои претходно погрешија и сите останати, дека ако дојдам пак, нема да бидам попустлив;
33,5-6штом вие барате доказ дека во мене зборува Христос, Кој кон вас не е немоќен, туку е силен меѓу вас.
4Рим 1,4; 6,8-11; 8,11Зашто, иако беше распнат во немоќ, Тој е жив преку Божјата сила. Па така ние сме слаби во Него, но ќе бидеме живи со Него, преку Божјата сила меѓу вас.
51 Кор 11,28; Гал 6,4Испитувајте се себеси дали сте во верата! Сами проверувајте се! Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен ако сте недостојни.
6А за нас, се надеваме дека ќе разберете дека ние не сме недостојни.
7Му се молиме на Бога да не правите никакво зло; не за ние да се покажеме како достојни, туку за вие да го правите она што е добро, па макар ние да се покажеме како недостојни.
8Дела 4,20; 1 Кор 13,6Зашто ние сме силни не против вистината, туку за вистината.
9Се радуваме кога ние сме слаби, а вие силни. За тоа и се молиме – за вашето усовршување.
1010,8; 10,11; Ер 1,10Овие работи ви ги пишувам додека сум далеку од вас; па, кога ќе дојдам кај вас, да не употребам строгост според власта која ми ја даде Господ за надградување, а не за рушење.
11Рим 15,5.33; Ефес 4,2.3; Фил 3,1; 4,4И така, браќа, радувајте се, усовршувајте се, утешувајте се, бидете едномислени, живејте во мир – и Бог на љубовта и на мирот ќе биде со вас.
12Рим 16,16; 1 Кор 16,20; 1 Сол 5,26Поздравете се еден со друг со свет целив. Ве поздравуваат сите светии.
13Фил 2,1Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога и заедницата на Светиот Дух нека бидат со сите вас. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.