1Браќа, желбата на моето срце и мојата молитва кон Бога за Израилот е тој да биде спасен.
2Дела 22,3; 1 Тим 1,13Бидејќи им сведочам дека имаат ревност за Бога, но без правилно сознание.
39,31-32; Лк 16,15; 18,9-14; Фил 3,9Зашто, не знаејќи за Божјата праведност и тежнеејќи да воспостават своја сопствена праведност, тие не ѝ се потчинија на Божјата праведност,
4Мт 5,17; Јн 3,18; Дела 13,39; Гал 3,24; Евр 8,13бидејќи крајната цел на Законот е Христос, за да биде оправдан секој што верува.
Спасението доаѓа до секој човек што верува во Господ5 3 Мојс 18,5; Гал 3,12 Зашто Мојсеј пишува за праведноста која е од Законот: „Човекот што ќе го исполни, ќе биде жив преку него.“
65 Мојс 30,12-14
9,30; 5 Мојс 9,4А праведноста од верата вели: „Да не речеш во своето срце: Кој ќе се искачи на небото?“, односно, да Го симне Христос –7или: „Кој ќе слезе во бездната?“, односно, да Го изведе Христос од мртвите!
8А што вели таа? – „Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце“, односно словото на верата, што го проповедаме,
9Дела 16,31; 1 Кор 12,3; Фил 2,11зашто, ако со својата уста исповедаш дека Исус е Господ и ако во своето срце поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите – ќе се спасиш;
10бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.
119,33; Ис 28,16А и Писмото вели: „Никој, што верува во Него, нема да се посрами.“
121,16; Дела 10,34.36; Гал 3,28Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто ист е Господ на сите, богат за сите што Го повикуваат.
13Јоил 2,32; Дела 2,21Бидејќи секој што ќе го повика името Господово, ќе биде спасен.
14Евр 11,6Но како да Го повикаат Оној во Кого не поверувале? И како да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да се слушнат без проповедник?
15Ис 52,7; Наум 1,15И како да проповедаат, ако не се испратени? Како што е напишано: „Колку им се прекрасни нозете на оние што благовестат мир, што го благовестат доброто.“
161,5; Ис 53,1; Јн 10,26; 12,38; 2 Сол 1,8; Евр 4,2Но не сите го послушаа благовестието. Зашто Исаија вели: „Господи, кој поверува откако нѐ слушна?“
17Јн 17,8.20И така, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од словото Божјо.
18Пс 18,4Но велам: зар тие не слушнаа? Напротив. „Нивниот глас се разнесе по целата земја, и нивните зборови – до краиштата на светот.“
1911,11-14; 5 Мојс 32,21Повторно велам: зар Израил не разбра? Мојсеј прв рече: „Јас ќе ја разбудам ревноста кај вас преку оние кои не се народ; преку неразумен народ ќе ве разгневам.“
209,30; Ис 65,1А Исаија се осмели да каже: „Ме најдоа оние што не Ме бараа, им се открив на оние што не прашаа за Мене.“
21Ис 65,2За Израилот, пак, вели: „Постојано ги подавав Своите раце кон непокорен и бунтовен народ.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.