Матеј 27 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Исус пред Пилат(Мк 15,1; Лк 23,1-2; Јн 18,28-32)

1 час настана темнина по целата земја до деветтиот час;

46 час Исус извика со силен глас: „Или, Или, лима савахтани!?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!?“

4711,14А некои од оние што стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!“

48Пс 68,21 И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во оцет и го надена на трска, па Му даваше да пие.

49А останатите велеа: „Чекајте, да видиме, дали ќе дојде Илија да Го спа­си!“

50А Исус повторно извика со силен глас и го испушти духот.

512 Мојс 26,31-35; Евр 10,20И ете, завесата на хра­мот се расцепи на две, одгоре додолу; и земјата се затресе; и карпите се распукаа.

52Ис 26,19; Ез 37,12; Дан 12,2; 1 Птр 3,19И гробовите се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа;

53Откр 21,2па, кога излегоа од гробовите, по Неговото воскресение, влегоа во светиот град и им се јавија на мнозина.

544,3; 14,33; 17,6; 27,40.43А стотникот и оние што со него Го чуваа Исус, гледајќи го земјотресот и сѐ што се случи, многу се уплашија и говореа: „Навистина Овој беше Син Божји!“

55Лк 8,2-3; 23,49.55Таму беа и гледаа оддалеку многу жени, кои врвеа по Исус од Галилеја и Му служеа.

5620,20; 27,61; Мк 15,40.47; 16,1.9; Лк 24,10Меѓу нив беа Марија Магдалина и Марија, мајката на Јаков и Јосиф, и мајката на Зеведеевите синови.

Исусовиот погреб(Мк 15,42-47; Лк 23,50-56; Јн 19,38-42)

57А кога се стемни, дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој, исто така, Му беше ученик на Исус;

585 Мојс 21,22-23тој отиде кај Пилат и го побара Исусовото тело. Тогаш Пилат нареди да му го дадат телото.

59Јн 19,40А Јосиф, штом го зеде телото, го завитка во чисто платно

6028,2; Ис 53,9; Мк 16,3-4; Дела 13,29и го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во камен; па, откако навали голем камен на гробната врата, си отиде.

6127,56; 28,1; Јн 19,25А таму беа Марија Магдалина и другата Марија, кои седеа спроти гробот.

Стражата на Исусовиот гроб

62 Мк 15,42; Лк 23,54 Утредента, пак, по петокот, се собраа првосвештениците и фарисеите кај Пилат

6316,21; 20,19и му рекоа: „Господаре, се сетивме дека Оној измамник, уште дури беше жив, рече: ’По три дена ќе воскреснам!‘

6428,13; 2 Птр 2,20 Затоа нареди да се чува гробот до третиот ден, за да не отидат Неговите ученици ноќе и да Го украдат, па да му речат на народот: ’Воскресна од мртвите!‘ Та последната измама ќе биде полоша од првата.“

65Пилат им рече: „Имате стража; одете и чувајте го како што знаете.“

66Тие отидоа и со стража го чуваа гробот, а каменот го запечатија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help