Филипјаните 1 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Поздрав

1 Дела 16,1; Рим 1,1; 2 Кор 1,1; Гал 1,10; Кол 1,1; 2 Сол 1,1; Јк 1,1; 2 Птр 1,1 Павле и Тимотеј, слуги на Исус Христос, до сите светии во Христос Исус, што се во Филипи, заедно со епископите и ѓаконите:

2Рим 1,7; Гал 1,3благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос!

Изразување благодарност и молитва

3 Рим 1,8-10; 1 Кор 1,4; Ефес 1,16-17; Кол 4,2; 1 Сол 1,2 Му благодарам на мојот Бог при секое спомнување на вас,

43,1; 4,1.4.10– а постојано, во секоја моја молитва, се молам со радост за вас –

51,27-30; 4,3.14-18; Рим 15,26-27поради вашето учество во благовестието од првиот ден, па сѐ досега.

61,10; 2,13.16; Јн 4,34; 6,28-29; 1 Кор 1,8; 1 Сол 4,15Уверен сум токму во тоа дека Оној што го за­почна доброто дело во вас, ќе го доврши до денот на Исус Христос.

7Дела 21,33; Рим 1,5И право е да го мислам тоа за сите вас, зашто секогаш ве имам во срцето – и кога сум во окови, и кога го бранам и утврдувам благовестието, бидејќи сите вие сте мои соучесници во благодатта.

8Рим 1,9; 2 Кор 1,23Зашто Бог ми е сведок колку многу копне­ам по сите вас со милосрдноста на Исус Христос.

9Кол 1,9-10И за ова се молам: вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува во познание­то и во секакво расудување,

101 Кор 1,8; Ефес 1,4; 1 Сол 3,13; 5,21.23; Евр 5,14за да можете да го распознавате нај­доброто, та да бидете чисти и беспре­кор­ни во денот Христов,

11Јн 15,8; Ефес 1,6.12.14; Евр 12,11; Јк 3,18исполнети со плодовите на праведноста преку Исус Христос, за слава и по­фалба на Бога.

Заробеништвото на Павле и успехот на благовестието

12 Лк 21,13; Дела 8,1.4 Браќа, сакам да знаете дека сето она што ми се случи, всушност придонесе за поголем успех на благовестието,

13Дела 28,30; Ефес 3,1; 4,1; 2 Тим 2,9; Фил 1,9така што целата преторија и сите останати дознаа за моите окови за Христос;

14па повеќето од браќата во Гос­пода, поттикнувајќи се од моите окови, уште повеќе се охрабрија да го говорат словото Божјо без страв.

15Дела 28,31; 1 Сол 2,2Навистина, некои Го проповедаат Христос од завист и жел­ба за препирање, а некои од добра волја;

16едните Го проповедаат Христос од желба да се препираат, неискрено, сметајќи дека ја наголемуваат тежината на моите окови.

17А другите, пак, проповедаат од љу­бов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам благовестието.

18Но, што тогаш? Како и да е, било дволично или искрено, Христос се про­поведа; затоа се радувам и ќе се радувам.

19Јов 13,16; Мк 13,11; Дела 16,7; Рим 15,30; 2 Кор 1,11Зашто знам дека тоа ќе ми послужи за спасение по вашата молитва и преку дејството на Духот на Исус Христос,

201 Кор 6,12-20; 1 Птр 4,16како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се посрамам, но со сета моја смелост, ка­ко секогаш, така и сега, ќе се возвеличи Христос во моето тело – било преку живот, било преку смрт.

21Рим 8,10-11; Гал 2,20; Кол 3,3-4Зашто за мене животот е Христос, а смртта – придобивка.

22Јн 15,1-8.16; Рим 1,13Но, ако живеам во телото, тогаш моето дело ќе даде плод, па така, не знам што да одберам.

232 Кор 5,6-9Измачуван сум и од едното и од другото, сакам да заминам и да бидам со Христос, бидејќи тоа е многу по­добро;

24но да останам во телото е по­неопходно за вас.

252 Сол 1,3; 1 Тим 4,15Па уверен во ова, знам дека ќе ос­та­нам и ќе бидам со сите вас за ваш напредок и радост во верата,

261 Кор 15,31; 2 Кор 1,14та кога повторно ќе дојдам кај вас, преку мене да се умножува вашата пофалба во Христос Исус.

Постојаност во борбата за верата

27 4,3; Гал 5,1; Ефес 4,1-4; Кол 1,10; 1 Сол 2,12; 3,8 Само, живејте достојно на Хрис­то­во­то благовестие, та било да дојдам и да ве видам, било да сум отсутен, да слушнам де­ка стоите цврсто во еден дух, борејќи се едно­душно за верата на благовестието,

282 Сол 1,4-10во ништо не плашејќи се од противниците. Ним, тоа им е знак за погибел, а вам за спасение, и тоа од Бо­га.

29Мт 5,10-12; Дела 5,41; 2 Сол 1,5; 1 Птр 1,6-7Бидејќи, заради Христос, ви се даде дар не само да верувате во Него, туку и да страдате за Него,

302 Кор 11,24–12,10имајќи ја истата борба, којашто ја видовте во мене, и која и сега слушате дека е во мене.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help