1Возљубени, веќе ви го пишувам ова второ послание; во двете потсетувајќи ве и будејќи го вашиот чист разум
21,18-20; Јуда 1,17за да си спомнете на зборовите, претходно кажани од светите пророци, и на заповедта од Господ и Спасителот, дадена преку вашите апостоли.
31,16; 2,1; 2 Сол 2,3-12; 1 Тим 4,1; Јуда 1,18Најнапред знајте го тоа дека во последните денови ќе дојдат подбивачи, кои ќе ги следат своите похоти,
4Ис 5,19и ќе велат: „Каде е ветувањето за Неговото доаѓање? Зашто, откако нашите татковци починаа, сѐ си стои така како од почетокот на созданието.“
51 Мојс 1,6-9Бидејќи тие намерно превидуваат дека, преку словото Божјо од почетокот имаше небеса и земјата беше составена од вода и преку вода,
61 Мојс 7,11-21; Мт 24,38-39; 1 Птр 3,20преку која тогашниот свет загина, потопен од вода.
7Мт 3,12; Рим 2,6Сегашните, пак, небеса и земја, пазени од истото слово, се чувани за оган во денот на судот и погибелта на нечестивите луѓе.
8Пс 89,4Но само ова не превидувајте го, возљубени, дека за Господ еден ден е како илјада години, а илјада години – како еден ден.
9Авак 2,3; Сир 35,19; Лк 18,7; Рим 2,4; 1 Тим 2,4Господ нема да задоцни со ветувањето, како што некои ова го сметаат за задоцнување; но долго време нѐ трпи, бидејќи не сака некој да загине, туку сите да дојдат до покајание.
10Мт 24,29.43-45; 1 Сол 5,2; Откр 20,11; 21,1И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќта; тогаш небесата со голема бучава ќе преминат, и стихиите распламтени ќе се разрушат, а земјата, и сѐ што е на неа, ќе изгори.
11И така, бидејќи сето тоа ќе се разруши, какви треба да бидете вие во светото поведение и благочестие,
12Ис 34,4; Дела 3,19-20штом го очекувате и посакувате скорото доаѓање на Божјиот ден, во кој небесата разгорени ќе се разрушат и стихиите распламтени ќе се стопат!
13Ис 60,21; 65,17; 66,22; Рим 8,19; Откр 21,1.7Но ние, според Неговото ветување, очекуваме нови небеса и нова земја, во кои ќе живее правдата.
Поттикнување на будност14 Јуда 1,24 Затоа, возљубени, очекувајќи го ова, погрижете се пред Него да излезете со мир, неосквернети и непорочни;
15Дела 2,4; 1 Тим 1,15-16и долготрпеливоста на нашиот Господ сметајте ја за спасение – како што ви напиша и нашиот возљубен брат Павле, според дадената му мудрост;
16како што и зборува за ова во сите свои посланија, во кои има некои работи тешки за разбирање, што неуките и неутврдените ги изопачуваат, како и останатите Писма, за своја погибел.
17Евр 2,1Вие, пак, возљубени, знаејќи го ова однапред, пазете се да не бидете заведени од измамата на беззакониците, и да не отпаднете од својата утврденост,
18Рим 16,24; Јуда 1,25но растете во благодатта и во познанието на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нему слава и сега и во вечниот ден. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.