Откровение 19 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Песна во чест на победата. Свадбата на Јагнето

1 Тов 13,18 Потоа чув силен глас како од големо мноштво на небото, кој веле­ше: „Алилуја, спасение и слава и сила на нашиот Бог,

26,10; 16,6-7; 5 Мојс 32,43; 4 Цар 9,7зашто Неговите судови се вистинити и праведни; бидејќи Тој ја осуди големата блудница којашто со своето блудство ја расипа земјата, и ја одмазди крвта на Своите слуги, врз нејзината рака.“

314,11; Ис 34,10И повторно рекоа: „Алилуја! Нејзиниот чад се издига во вечни векови!“

4И паднаа дваесет и четирите старешини и четирите суштества, та Му се поклонија на Бога, Кој седи на престолот велејќи: „Амин, алилуја!“

511,18; Пс 116,1; 135,1А од престолот излезе глас, кој ве­ле­ше: „Фалете Го нашиот Бог сите Негови слуги, и вие, што се плашите од Него, мали и големи!“

61,8; 14,2; Пс 92,1; 96,1И чув глас како од големо мноштво, глас како од многу води, и како глас од сил­ни грмотевици, кој велеше: „Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Сед­р­жи­те­лот!

721,2.9; Ис 54,1-8; Ос 2,14-16; Пс 117,24; Мт 22,2; 25,1-13; Ефес 5,23.25.32Да се радуваме и да се веселиме и да Му оддадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Јагнето, и Неговата жена се при­готви!

8Ис 61,10И ѝ се даде да се облече во светол и чист висон.“ А висонот се праведните дела на светиите.

9Мт 8,11; 22,1-14; Лк 14,15И ми рече: „Напиши – блажени се поканетите на свадбената вечера кај Јагнето!“ И ми рече: „Ова се вистински Божји зборови!“

1022,8-9; Дела 10,25-26И паднав пред неговите нозе да му се поклонам; но тој ми рече: „Стој, јас сум слуга како и ти и твоите браќа, што го имаат Исусовото сведоштво; покло­ни Му се на Бога, зашто Исусовото сведоштво е духот на пророштвото!“

Јавачот на бел коњ

11 1,5; 6,2; Ис 11,4; Ез 1,1; Пс 95,13 И го видов небото отворено, и ете, бел коњ и Оној што го јава се ви­ка Верен и Вистинит, и праведно суди и војува;

121,14; 2,17-18; Дан 10,6очите Му се огнен пламен, а врз неговата глава многу круни со напишаното име никој не го знае освен Него.

13Ис 63,1-3; Јн 1,1.14И облечен е во облека потопена во крв, и името му е Слово Божјо.

14А небесните војски, облечени во бел и чист висон, врвеа по Него на бели коњи.

151,8; 1,16; 12,5; Ис 63,3; Пс 2,9; Плач 1,15Од Неговата уста излегува остар меч од двете стрни, за да ги порази со него незнабожците. Тој ќе ги пасе со железен жезол и ќе ја столчи пресата со вино на јароста на гневот на Бога Седржителот.

1617,14; 5 Мојс 10,17; Дан 2,47; 2 Мак 13,4И врз облеката и врз Неговото бедро напишано е името: „Цар на царевите и Господар на господарите.“

17Ез 39,17-20Потоа видов ангел како стои на сонцето; тој извика со силен глас и им рече на сите птици што летаа среде небото: „Долетајте и соберете се на големата Божја вечера,

18да јадете месо на цареви, месо на заповедници, месо на силни, месо на коњи и на нивните јавачи, и месо на сите – слободни и робови, мали и големи!“

1917,12-14Тогаш го видов ѕверот и земните цареви и нивните војски собрани за да завојуваат против Оној што седеше на коњ, и Неговата војска.

2014,9-11; 20,4.10.15; Ис 30,33; Дан 7,11Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше знаци пред него, та ги заведе оние што беа примиле белег од ѕверот и се покло­ну­ваа на неговиот образ: и двајцата беа живи фрлени во огненото езеро со за­па­лен сулфур;

21останатите, пак, беа убиени со мечот што излегуваше од устата на Оној што седеше на коњот. И сите птици се на­си­тија од нивното месо.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help