1 Рим 2,24; 1 Кор 7,21-22; Ефес 6,5-8; Кол 3,22-25; Тит 2,9-10 Робовите, што се под јарем, нека ги сметаат своите господари достојни за секаква почест, за да не се хули Божјото име и учењето.
2Оние, пак, чии господари веруваат, нека не ги презираат зашто им се браќа по вера; туку уште поусрдно да им служат, зашто оние на кои добро им служат се верни и возљубени.
Погрешните учења и вистинското благочестие3 1,10; Гал 1,8.9; 2 Тим 1,13 Така поучувај и советувај! Ако некој поучува поинаку и не се води според здравите зборови, оние на нашиот Господ Исус Христос, и според благочестивото учење,
4Рим 1,29тој се возгордеал и не знае ништо, туку има болна желба за расправи и за празни препирки од кои произлегуваат завист, кавги, хулење, зли мисли;
52 Тим 3,8постојани препирки меѓу луѓето што се со изопачен ум и се лишени од вистината, па мислат дека благочестието е средство за добивка. Бегај од такви!
6Фил 4,11-12; Евр 13,5И навистина, благочестието е голема добивка кога е здружено со чувство на задоволност.
7Јов 1,21; Проп 5,14Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека ништо не можеме ниту да однесеме.
8Но кога имаме храна и облека, да бидеме задоволни со тоа.
9А оние што сакаат да се збогатуваат, паѓаат во искушение, во стапици и во многу неразумни и штетни страсти, што ги потопуваат луѓето во пропаст и погибел.
10Мт 6,24Зашто среброљубието е коренот на сите зла; а некои, предавајќи му се, се отклонија од верата и си навлекоа многу маки.
Правилно исповедање на верата11 1 Кор 13,13; Гал 5,22; 2 Тим 2,22; 4,7; Тит 2,2 Но ти, човеку Божји, бегај од овие нешта и стреми се кон праведност, благочестие, вера, љубов, трпение и кротост!
12Војувај ја добрата војна на верата; освој го вечниот живот за кој си повикан и за кој си дал добра исповед пред многу сведоци.
132,6; Јн 18,36-37Ти заповедам пред Бога, Кој оживотворува сѐ, и пред Христос Исус, Кој пред Понтиј Пилат посведочи со добра исповед,
14да ја запазиш заповедта чиста и непорочна сѐ до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос,
155 Мојс 10,17; Пс 135,3; 2 Мак 13,4; Откр 17,14кое, во свое време, ќе го открие блажениот и единствен Владетел, Цар над царевите и Господар над господарите,
162 Мојс 33,20; Пс 103,2; Јн 1,18Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го види. Нему нека Му е чест и вечна сила. Амин!
Совети до богатите17 Пс 61,10; Лк 12,16-21; Јк 1,10 На богатите во овој свет заповедај им да не се вообразуваат и да не се надеваат на минливото богатство, туку на живиот Бог, Кој ни дава за наслада сѐ во изобилие.
18Нека прават добро, нека се збогатуваат со добри дела, нека бидат дарежливи и сочувствителни,
19Мт 6,20; Фил 4,17па така да си собираат добра основа за иднината, за да достигнат вечен живот.
Последен поздрав20 1,6; 2 Тим 1,12.14; 2,2; 3,14; Тит 1,10 О, Тимотее, чувај го она што ти е поверено и оттргнувај се од нечисти и празни разговори и од расправии на лажното знаење,
211,6; 2 Тим 2,18на кое некои му се предадоа, па се отклонија од верата. Благодатта нека биде со тебе. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.