Матеј 21 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Христовото свечено влегување во Ерусалим(Мк 11,1-11; Лк 19,28-40; Јн 12,12-19)

1 Зах 14,4; Мк 11,1; 14,13 А кога наближија до Ерусалим и дојдоа во Витфагија, кај Масли­новата Гора, Исус испрати двајца уче­ници,

21 Мојс 49,11 и им рече: „Отидете во селоно, што е наспроти вас, и веднаш ќе најдете врзана магарица и прле со неа; одврзете ги и доведете Ми ги!

3А ако некој ви рече нешто, кажете му дека Му се потребни на Господ и тој веднаш ќе ги прати.“

41,22А сето тоа се случи за да се исполни кажаното преку пророкот, кој вели:

5 11,29; Ис 61,11; Зах 9,9 „Кажете ѝ на ќерката Сионова:

ете, твојот Цар доаѓа кај тебе кроток

и седи на магарица и прле,

младенче од подјаремница.“

6 26,19 Учениците отидоа и направија така, како им заповеда Исус.

7Јн 12,14Ги доведоа магарицата и прлето и ги положија на нив своите алишта, и Тој седна на нив.

83 Цар 1,33; 4 Цар 9,13А мнозина од народот ги постилаа по патот своите облеки; други, пак, сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот;

923,39; Пс 118,25.26; Пс 147,1; Јов 16,19; Лк 13,35а народот што врвеше пред Него и по Него, извикуваше:

„Осана на Синот Давидов!

Благословен е Оној што доаѓа во името Господово!

Осана во висините!“

10 2,3 И кога влезе во Ерусалим, целиот град се раздвижи, велејќи: „Кој е Овој?“

115 Мојс 18,15; Лк 24,19; Јн 4,19; 7,40; 9,17; Дела 3,22-23А народот говореше: „Овој е Исус, пророкот од Назарет Галилејски.“

Изгонување на трговците од храмот(Мк 11,15-19; Лк 19,45-48; Јн 12,12-16)

12 Неем 13,7-8; Јн 2,14-15 И Исус влезе во Божјиот храм и ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот, ги преврте масите на мену­ва­чи­те и столовите на оние што продаваа гулаби,

13Ис 56,7; Ер 7,11и им рече: „Напишано е:

’Мојот дом ќе се нарече дом за молитва‘,

а вие го направивте разбојничка пеш­тера.“

14 11,4; 3 Мојс 21,18; 2 Цар 5,8 И Му пријдоа во храмот куци и слепи, и Тој ги излекува.

154 Мојс 14,22А првосвештениците и книж­ни­ци­те, кога ги видоа чудата што ги на­пра­ви, и слушајќи ги децата како викаат во храмот и велат: „Осана на Синот Давидов!“, негодуваа,

16Пс 8,3; Јн 12,19и Му рекоа: „Слушаш ли што велат тие?“ А Исус им рече: „Да! Зар никогаш не сте читале:

’Од устата на ново­роденчиња и од доенчиња

Ти си при­гот­вил пофалба?‘“

17 Мк 11,1.11; Лк 21,37 И кога ги остави, излезе надвор од градот, во Витанија, и таму преноќи.

Смоквата што не дава плод(Мк 11,12-14.20-24)

18А наредното утро, враќајќи се во градот, огладне;

19Ос 9,16; Лк 13,6-9и покрај патот виде една смоква, па отиде до неа; но откако не најде на неа ништо освен лисја, ѝ рече: „Да нема веќе род на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши.

20Штом го видоа тоа, учениците се зачудија и рекоа: „Како веднаш се исуши смоквата!“

2117,20; Лк 17,6; Јк 1,6А Исус им одговори: „Вистина ви велам: ако имате вера и не се посомневате, не само тоа што се случи со смоквата ќе го правите, туку ако и на оваа планина ѝ речете – дигни се и фрли се во морето, тоа ќе биде.

227,7-8; Мк 11,24И сѐ што ќе побарате во молитва, ако имате вера, ќе добиете.“

Прашања за Исусовите овластувања(Мк 11,27-33; Лк 20,1-8)

23 7,29; 28,18 И кога Тој дојде во храмот и поучуваше, Му пристапија првосвештениците и старешините на народот и рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и кој Ти ја дал таа власт?“

24А Исус им одговори: „И Јас ќе ве прашам нешто. Па, ако Ми одго­ворите, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам ова.

2521,32; Лк 7,30; Јн 3,27Јовановото крштевање од каде беше: од небото или од луѓето?“ А тие разговараа меѓу себе, велејќи: „Ако кажеме ’од небото‘, ќе ни рече: ’Тогаш зошто не му поверувавте?‘

2614,5; 21,46А ако кажеме ’од луѓето‘, се пла­ши­ме од народот; зашто сите го сме­таат Јован за пророк.“

27И, одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Тој им рече: „Ниту Јас не ви кажувам со каква власт го правам ова.“

Парабола за двата сина

28 20,1.4; Лк 15,11 „Што мислите за ова? Еден човек имаше два сина; па отиде кај првиот и му рече: ’Сине, оди денес да работиш во моето лозје!‘

29Тој одговори: ’Не сакам!‘ но потоа се покаја и отиде.

30Отиде и кај вториот, и му го рече истото. Тој одговори: ’Ќе отидам, господаре.‘ Но не отиде.

316,10; Лк 18,9-14Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ Му рекоа: „Првиот.“ Тогаш Исус им рече: „Вистина ви велам дека даночниците и блудниците пред вас ќе влезат во царството Божјо:

32Лк 7,37-50; 19,1-10зашто Јован дојде кај вас по патот на праведноста и вие не му поверувавте, а даночниците и блудниците му поверуваа; а вие, и откако видовте не се покајавте за да му поверувате.“

Парабола за немилосрдните лозари(Мк 12,1-12; Лк 20,9-19)

33 Ис 5,1-2 „Чујте друга парабола! Си беше еден човек домаќин, кој насади лозје, го огради, ископа место за преса, соѕида кула и, откако им го предаде на лоза­рите, замина на пат.

3422,3И, кога наближи времето за берба, тој ги испрати кај лозарите своите слуги за да ги приберат неговите плодови.

3522,6; 23,37Но лозарите ги фатија неговите слуги, па едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот го каменуваа.

3622,4Тој повторно испрати други слуги, повеќе од првите; но и со нив постапија исто.

37Јн 3,16-17; 1 Јн 4,9Најпосле го испрати кај нив својот син, велејќи си: ’Ќе се засрамат од син ми.‘

38Гал 4,7Но лозарите, штом го видоа син му, си рекоа меѓу себе: ’Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство.‘

39Јн 19,17; Евр 13,12Па, го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија.

40Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“

41Му одговорија: „Злосторниците жестоко ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари што ќе му ги даваат плодовите навреме.“

42Ис 28,16; Пс 117,22-23; Дела 4,11; 1 Птр 2,4-8А Исус им рече: „Зар никогаш не сте читале во Писмата:

’Каменот што го отфрлија ѕидарите,

стана камен темелник;

тоа е од Господ

и чудесно е во нашите очи.‘

43 Дела 13,46 Затоа ви велам дека царството Божјо ќе биде земено од вас и ќе му се даде на народ што ги принесува неговите плодови.

44Мк 11,18; Лк 20,18; Рим 11,11И кој ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“

45И слушајќи ги Неговите параболи, првосвештениците и фарисеите разбраа дека говори за нив,

4614,5; 16,14; 21,26па настојуваа да Го фатат; но се плашеа од народот, кој Го сметаше за пророк.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help