1 2,12; Пс 109,1; Мт 6,20-21; 22,44; Мк 16,19; Јн 3,3; Ефес 1,20; 2,6; Евр 1,3 И така, ако сте воскреснале заедно со Христос, барајте го она што е горе, каде што Христос седи оддесно на Бога;
2Мт 6,33мислете за горното, а не за земното.
32,12; Рим 6,2-3; 2 Кор 5,14Зашто вие умревте, и вашиот живот е сокриен со Христос во Бога.
4Лк 17,30; Рим 8,19; Гал 2,20; Фил 1,21; 1 Сол 4,17; 1 Птр 1,6-8; 1 Јн 3,2А кога ќе се појави Христос, нашиот живот, тогаш и вие ќе се појавите со Него во слава.
Стариот и новиот живот5 Мт 3,7; Мк 9,43-47; Рим 1,29; 6,6-11; Гал 5,24 Затоа, умртвете ги вашите членови од телото за земната природа во вас: блудот, нечистотијата, страста, лошата желба и алчноста, која е идолопоклонство!
6Ефес 5,6Поради нив доаѓа Божјиот гнев врз синовите на непослушноста,
7а меѓу нив некогаш се движевте и вие, кога живеевте во тие пороци.
8Рим 1,18; 3,12; Евр 12,1; Јк 1,21; 1 Птр 2,1А сега и вие отфрлете го од себе сето ова: гневот, јароста, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста!
9Ефес 4,22.25; Јк 3,14Не лажете се еден со друг, зашто го соблековте стариот човек заедно со неговите дела,
101,15; 1 Мојс 1,26; Ез 36,26-27; Пс 50,11; Рим 12,2; 13,14и се облековте во новиот, кој се обновува во познанието, според образот на својот Создател.
11Рим 10,12; 1 Кор 12,13; 15,28; Гал 3,27-28Тука нема веќе ни Елин, ни Јудеец, ни обрезан, ни необрезан, ни варварин, ни Скит, ни роб, ни слободен, туку сѐ и во сѐ е Христос.
12Ефес 4,2И така, како свети и возљубени Божји избраници, облечете се во милосрдност, доброта, смиреномудрие, кротост и долготрпеливост,
13Мт 6,14; 17,17; 18,21-35; 2 Кор 2,5-11; Ефес 4,32; 5,2трпејќи се еден со друг и простувајќи си, ако некој има поплака на некого; како што Христос ви прости, така простувајте и вие!
14Рим 13,8-10; 1 Кор 13,1; Ефес 4,3А над сето тоа облечете се во љубовта, која е врска на совршенството,
151,3.18.20; Јн 14,27; Ефес 4,4; Фил 4,7и во вашите срца нека завладее мирот Божји, кон кого и сте повикани во едно тело; и бидете благодарни!
161,28; Рим 15,14; Ефес 4,29; 1 Сол 5,11Христовото слово изобилно нека се всели во вас, во секоја мудрост; учејќи се и советувајќи се меѓусебно со псалми и химни, и со духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодат во вашите срца!
171,3; Рим 14,7; 1 Кор 10,31И сѐ што правите со збор или со дело – сѐ нека биде во името на Господ Исус, благодарејќи Му преку Него на Бога и Отецот!
Лични односи во новиот живот18 1 Кор 7,1-16 1 Мојс 3,16; 1 Кор 11,3 Вие, жените, покорувајте им се на своите мажи, како што прилега во Господа!
191 Птр 3,7Вие, мажите, љубете си ги жените и не огорчувајте се на нив!
20Евр 12,4-11
Ефес 6,1Вие, децата, бидете им послушни на вашите родители во сѐ, зашто тоа Му е благоугодно на Господ!21Ефес 6,4Вие, татковците, не раздразнувајте ги своите деца, за да не паѓаат со духот!
223 Мојс 25,43; 1 Кор 7,21-23; Тит 2,9-10; 1 Птр 2,18Вие, слугите, во сѐ бидете им послушни на своите земни господари, не само пред очи како оние што сакаат да се умилкуваат на луѓето, туку во едноставност на срцето, со страв Божји!
23И сѐ што правите, правете го од душа, како за Господа, а не за луѓе,
24Рим 12,11знаејќи дека од Господа како награда ќе добиете наследство, бидејќи на Господ Христос Му служите.
255 Мојс 10,17; Рим 2,11; Ефес 6,9А кој причинува неправда, ќе добие според својата неправда; и нема да има пристрасност!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.