1 Рим 1,1 Павле, по Божја волја апостол на Христос Исус, за возвестување на животот кој ни е ветен во Христос Исус,
2до Тимотеј, моето возљубеното чедо: благодат, милост и мир од Бога Отецот и од Христос Исус, нашиот Господ!
Благодарност и поттик кон верност3 Дела 23,1; 24,16; Рим 1,9; Фил 3,5 Му благодарам на Бога, Кому, како и моите прародители, Му служам со чиста совест, додека непрестајно, и дење и ноќе, те спомнувам во своите молитви.
44,9.21Сеќавајќи се на твоите солзи, копнеам да те видам, за да се исполнам со радост.
53,14-15; Дела 16,1Си спомнувам за твојата нелицемерна вера, која најпрвин се всели во баба ти Лоида и во мајка ти Евника, а уверен сум дека ја има и во тебе.
61 Тим 4,14Поради тоа ти напомнувам да го распалуваш Божјиот дар, кој е во тебе преку полагањето на моите раце.
Поттик на верна битка за благовестието7 Рим 8,15; 1 Јн 4,18 Зашто Бог не ни даде дух на плашливост, туку на сила, љубов и благоразумност.
8Лк 9,26; Рим 1,16; Ефес 3,13Затоа, не срами се од сведочењето за нашиот Господ, ниту од мене, затвореникот за Него, туку стани соучесник во страдањата за благовестието, според силата на Бога,
9Рим 8,28; Ефес 2,8-9; Тит 3,5Кој нѐ спаси и нѐ повика со свет повик, не поради нашите дела, туку според Својата намера и благодатта, што ни е дадена во Христос Исус пред вечни времиња,
10Рим 6,9; 8,2; 1 Кор 15,54-57; Ефес 1,9.10; Тит 2,11; 3,4; Евр 2,14-15а е откриена сега со појавувањето на нашиот Спасител Исус Христос, Кој ја уништи смртта и го осветли животот и нераспадливоста преку благовестието,
11за кое сум поставен како проповедник, апостол и учител на народите.
121 Кор 1,8Затоа и така страдам; но не се срамам, зашто знам Кому сум поверувал и уверен сум дека Тој е моќен да го запази мојот залог за оној ден.
131 Тим 6,3Имај ги, како пример, здравите зборови што си ги чул од мене, со вера и љубов кои се во Христос Исус!
14Рим 5,5; 1 Тим 6,20Добриот залог запази го преку Светиот Дух, Кој живее во нас!
За вистинското пријателство15 4,16 Знаеш за тоа дека ме напуштија сите што се во Азија, меѓу кои и Фигел и Ермоген.
164,19Господ нека му даде милост на домот на Онисифор, зашто многупати ме успокои и не се посрами од моите окови.
17А, кога дојде во Рим, грижливо ме побара и ме најде.
18Господ нека му даде да најде милост пред Него во оној ден! А колку служеше тој во Ефес, ти тоа најдобро го знаеш.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.