1 Тимотеј 1 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Поздрав

1 Рим 1,1; Кол 1,27 Павле, апостол на Исус Христос, по заповед на Бога, нашиот Спа­си­тел, и на Господ Исус Христос, нашата на­деж,

2Дела 16,1; Фил 2,22; Тит 1,4до Тимотеј, моето вистинско чедо во ве­рата: благодат, милост и мир од Бога, нашиот Оте­ц, и од Христос Исус, нашиот Гос­под!

Опомени против лажните учења

3 Дела 20,1 Тргнувајќи за Ма­ке­до­нија те замолив да останеш во Ефес, за да им заповедаш на некои да не проповедаат друго учење,

44,7; 6,4.20; 2 Тим 2,14; 2,16.23; 4,4; Тит 1,14; 3,9ниту да се занимаваат со приказни и бес­крајни родословија, кои повеќе предизвикуваат препирања, отколку Божјо наѕидување во верата.

51 Кор 4,4А целта на оваа заповед е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера.

6Некои, откако не ги постигнаа тие работи, скршнаа во празнословија,

7и сакаат да бидат законоучители, но не го разбираат ниту она што го зборуваат, ниту она што уверено го тврдат.

Вистинската улога на Законот

8 Рим 7,7.12 Ние знеме дека Законот е добар, ако некој го применува правилно,

9Рим 1,29; Гал 5,23знаејќи дека Законот не е востановен за праведникот, туку за беззакониците и не­по­корниците, за нечестивите и грешниците, за неправедните и осквернителите, за таткоубијците и мајкоубијците, за човекоубијците,

102 Кор 4,4; Откр 18,13за блудниците, за мажите што легнуваат со мажи, за тр­говци со робје, за нарушители на заклетви, за лажливци, и за сѐ друго, што му е спротивно на здравото учење,

116,15; Јн 1,14; 2 Кор 4,4; 1 Сол 2,4; Тит 1,3според славното благовестие на бла­жениот Бог, кое ми е мене доверено.

Благодарност за Божјото милосрдие

12 Дела 9,15; Гал 1,15-16 Му благодарам на Христос Исус, нашиот Господ, Кој ми даде сила, заш­то ме сметаше за верен, поставувајќи ме на служба,

13Дела 3,17; 8,3мене, кој порано бев богохулник, гонител и насилник. Но, бев помилуван, би­деј­ќи тоа го правев од незнаење, во неве­рие,

14Рим 5,20; 1 Кор 15,10а благодатта на нашиот Господ се преумножи во мене со верата и љубовта во Христос Исус.

15Лк 15,2; 19,10; 2 Птр 3,15Верно и достојно за целосно прифаќање е словото кое вели дека Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, од кои првиот сум јас.

16Заради тоа и бев помилуван, за прво на мене Исус Христос да ја покаже сета долготрпеливост, за пример на оние што ќе поверуваат во Него за вечен живот.

176,16; Рим 16,24; Кол 1,15А на Царот на вековите, на Нерас­падливиот, Невидливиот, Единствениот Мудар Бог, нека е чест и слава во вечни векови. Амин!

Да се бориш како добар војник

18 4,14; 6,12; 2 Тим 4,7 Оваа заповед ти ја доверувам, чедо Тимотее, според претходно изречените пророштва за тебе, па потпирајќи се на нив да војуваш добра војна,

193,9имајќи вера и добра совест, која не­кои ја отфрлија па претрпеа бродолом во верата;

201 Кор 5,5; 2 Тим 2,17; 4,14меѓу нив се Именеј и Александар, кои ги предадов на сатаната за да се на­учат да не богохулат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help