Лука 16 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Парабола за досетливиот настојник

1 .“

Законот и царството(Мт 11,12-13; 5,31-32; Мк 10,11-12)

14 20,47 Сето тоа го слушаа фарисеите, кои беа среброљупци, и Му се потсмеваа.

1520,20; 1 Цар 16,7; Ер 11,20; Изреки 16,5; 24,12; Мт 23,28; Дела 15,8 Па им рече: „Вие се правите праведни пред луѓето, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што меѓу луѓето се цени, одвратност е за Бога.

164,43; 13,24; Мт 3,1Законот и Пророците беа до Јован; а оттогаш се благовести за царството Божјо и секој со усилба влегува во него.

17Мт 5,18Но полесно е небото и земјата да поминат, отколку една црта од За­ко­нот да пропадне.

18Мт 5,32; 19,9; 1 Кор 7,10-11Секој што ја остава својата жена и се жени со друга, прави прељуба, и секој што се жени со онаа што ја оставил мажот, прави прељуба.“

Парабола за богатиот човек и Лазар

19„Си беше еден богат човек кој се об­лекуваше во порфир и во свила и секој ден се веселеше во раскош.

20Јн 11,1-44; 12,1.9А беше и еден сиромав, по име Ла­зар, кој ле­жеше пред неговата порта сиот покриен со красти,

21Изреки 26,11; Мт 7,6; 15,27и сакаше да се нахрани со трош­ките што паѓаа од трпезата на богати­от; и кучињата доаѓаа и ги лижеа неговите рани­.

2213,28Умре сиромавиот и ангелите го од­несоа во пазувите на Авраам; умре и богатиот и го погребаа.

23И додека беше во маки во пеколот, ги подигна своите очи и го виде од­далеку Авраам, и Лазар во не­говите па­зуви.

24Тогаш тој извика и рече: ’Оче Аврааме, смилувај ми се и прати го Ла­зар да го натопи врвот од својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, заш­то страдам во овој пламен!‘

256,21.24Но Авраам рече: ’Синко, сети се де­ка ти си го добил своето добро уште до­дека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, овде тој се утешува, а ти страдаш.

26А згора на сѐ, меѓу вас и нас поставена е голема бездна така што оние кои би са­кале да дојдат кај вас, не можат; а исто така и оние оттаму не можат да преминат кај нас.‘

27А тој рече: ’Тогаш, те молам, оче, прати го во куќата на татко ми,

28зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!‘

2924,44; Јн 5,45-47; Дела 15,21Но, Авраам му рече: ’Тие ги имаат Мој­сеј и Пророците; нив нека ги слушаат!‘

30А тој рече: ’Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите оди кај нив, тогаш ќе се покаат.‘

3124,27.44; Јн 5,46-47; 11,44; 20,29Авраам му рече: ’Штом Мојсеј и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да се уверат.‘“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help