Јаков 1 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Поздрав

1 5,14-15; Рим 1,1; Фил 1,1; 1 Птр 1,1 Јаков, слуга на Бога и на Господ Исус Христос, испраќа поздрав до дванаесетте племиња, кои живеат раселени.

Вера и мудрост

2 1,12; 1 Птр 1,6 Браќа мои, сметајте дека е голема радост кога ќе паднете во разни искушенија,

3Лк 8,15; Рим 5,3-4; 1 Птр 1,7знаејќи дека испитувањето на вашата вера поттикнува истрајност:

41,17; 3,2; Мт 5,48; 19,21а вашата истрајност нека се покаже совршена за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток.

53,13; Изреки 2,3-6; Јн 11,22Ако, пак, некому од вас му не­достига мудрост, нека ја бара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без укор – и ќе му се даде.

6Мт 7,7; Мк 11,24; Ефес 4,14Но да бара со вера, без и најмалку да се сомнева; зашто оној кој се сомнева, прилега на морски бран, што ветрот го издига и растура;

7таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господ.

84,8Тоа е колеблив човек, непостојан во сите свои патишта.

Сиромаштија и богатство

9 1 Кор 1,26-29; 11,21-22 Братот кој е на скромна положба нека се фали со својата возвишеност,

10Ис 40,6-8; Пс 101,4.11; 1 Птр 1,24а богатиот – со својата скромност, бидејќи тоа е минливо како цвет од тре­ва;

11зашто сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и нејзиниот цвет отпаѓа, и убавината на неј­зи­ниот лик исчезнува. Така и богатиот ќе овене на своите патишта.

Човечкото искушение и Божјиот дар

12 Мт 5,3; Лк 6,20; 1 Кор 9,25; 2 Тим 4,8; Откр 2,10 Блажен е оној човек кој поднесува искушение, бидејќи откако ќе биде про­верен, ќе го добие венецот на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го љубат.

13Сир 15,11-13Никој, кога е искушуван да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог не може да биде искушуван од злото, и Тој никого не искушува,

14Рим 7,7-8; 1 Јн 2,16-17но секој е искушуван од сопствената по­хота која го влече и мами.

154,17; Рим 5,12; 6,23Потоа похотата зачнува и раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт.

16Не лажете се, браќа мои возљубени.

17Мал 3,6; Мт 7,11; 1 Јн 1,5Секое дадено добро и секој совршен дар е одозгора, слегува од Оте­цот на светлините, во Кого нема про­мена ниту сенка од измена.

183,14; 5,19; Јн 17,17; Ефес 1,13; Кол 1,5; 2 Тим 2,15; 1 Птр 1,22-25Тој нѐ роди по Својата волја преку словото на вистината, за да би­деме првина меѓу Неговите созданија.

Да се слуша и извршува словото

19 2 Мојс 34,6; Проп 7,9; Сир 5,11 И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а бавен за зборување и бавен за гнев,

202,21-25; 5,16; Мт 5,6.10.20; 6,33бидејќи човечкиот гнев не ја из­вр­шува Божјата правда.

21Мт 11,29; Рим 13,12; Ефес 4,22.25; Кол 3,8; 1 Птр 2,1Затоа, оставаете ја секоја нечистота и насобрана злоба, и со кроткост примете го всаденото слово, кое може да ги спаси вашите души.

22Мт 7,24; Рим 2,13Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се себеси.

23Зашто, кој го слуша словото, а не го извршува, тој прилега на човек кој го гледа своето лице во огледало;

24ќе се погледне, па ќе си замине и веднаш заборава каков бил.

252,12.14; Јн 13,17; Рим 8,2; Гал 6,2Но оној што се задлабочува во совр­ше­ниот закон на слободата, и останува во не­го, и не е заборавлив слу­шател, туку исполнител на дела, тој ќе биде блажен во своето дејствување.

26Пс 33,13; 38,1; 140,3Ако некој од вас мисли дека е по­бо­жен, а не го зауздува својот јазик, туку го мами своето срце, неговата побож­ност е безвредна.

274,4; Ис 1,11-17.23; Ер 5,28; Ез 22,7; Зах 7,10Чиста и непорочна побожност пред Бога и Отецот е оваа: да се грижиш за сираци и вдовици во нивните маки и да се запазиш неосквернет од светот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help