Откровение 18 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Падот на Вавилон

1 Ез 43,2 По ова видов како слегува од небото друг ангел, кој имаше го­лема власт: и земјата беше осветлена од не­го­вата слава.

214,8; Ис 13,21; 21,9; Ер 50,39; Варух 4,35Тој извика со силен глас, велејќи: „Падна великиот Вавилон, и стана демонско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, засолниште на сите нечисти и гадни птици;

314,8; 17,2зашто сите народи пиеја од виното на гневот на нејзиниот блуд и земните цареви блудничеа со неа, а земните тр­гов­ци се збогатија од моќта на нејзиниот раскош!“

4Ис 48,20; 52,11; Ер 50,8; 51,6.9.45; 2 Кор 6,17И чув друг глас од небото како вели: „Излезете од неа, народе Мој, за да не соучествувате во нејзините гревови, и да не примите од нејзините напасти;

51 Мојс 18,20-21; Ер 51,9бидејќи нејзините гревови стигнаа до небото, и Бог си спомна за нејзините неправди.

6Пс 136,8; 2 Сол 1,6Возвратете ѝ како што и таа ви возврати вам и дајте ѝ двојно според нејзините дела; со чашата, со која ве честела, почестете ја двојно.

7Ис 47,7-9Колку што се прослави себеси и живееше раскошно, толку мака и жалост вратете ѝ. Зашто во своето срце вели: ’Седам како царица, не сум вдовица и жалост нема да видам.‘

817,16; Ер 50,34Затоа во еден ден ќе дојдат нејзините казни: смрт, жалост и глад, и ќе биде изгорена во оган, зашто силен е Господ Бог Кој ја суди.

9Ез 27,30-35И ќе заплачат и ќе заридаат по неа земните цареви, кои блудничеа со неа и живееја раскошно, кога ќе го видат чадот од нејзиното горење;

10и стоејќи оддалеку, од страв пред нејзините маки ќе велат: ’Тешко, тешко, голем граду Вавилоне, граду силен, зашто во еден час дојде твојата пресуда!‘

11Ез 27,36И земните трговци ќе плачат и лелекаат за неа, бидејќи нивната стока нема веќе никој да ја купува;

12стока од злато и сребро, од дра­го­цени камења и бисери, од висон и порфир, од свила и скерлет, секакво миризливо дрво и секаков сад од слонова коска: секаков сад од скапоцено дрво, од бакар, железо и мермер;

13и цимет и темјан, миро и ливан, ви­но и масло, брашно и пченица, говеда и овци, коњи и коли, чо­веч­ки тела и души.

14И овошјата што ти ги посакува душата, се отстранети од тебе, и сето богатство и сјај исчезнаа за тебе, и нема веќе да ги најдеш.

15Ез 27,36Трговците, кои со тие стоки се збо­га­тија од неа, ќе стојат оддалеку од страв пред нејзините маки, и плачејќи, и ридајќи

1617,4ќе велат: ’Тешко, тешко тебе, голем граду, облечен во висон, порфир и скерлет, украсен со злато, драгоцени камења и бисери,

17Ис 23,14; Ез 27,27-29зашто во еден миг пропадна толку големо богатство!‘ И секој што некаде плови, и сите морнари, и оние што работат на море, застанаа оддалеку

1813,4; Ез 27,32и гледајќи го чадот од нејзиното горење, велеа: ’Кој беше како овој голем град?‘

19Ез 27,30-34И ги посипаа своите глави со прав и со плачење и лелекање викаа и велеа: ’Тешко, тешко тебе, голем граду со чии скапо­це­ности се збогатија сите што имаа ко­раби по море; зашто за еден миг за­пусте!‘

2012,12; 5 Мојс 32,43; Ис 44,23; Ер 51,48Весели се поради тоа, небо, и вие светии и апостоли и пророци, зашто Бог му пресуди за сѐ што ви стори!

21Ер 51,63-64; Ез 26,21Тогаш еден силен ангел подигна еден камен, голем како воденички, па го фрли во морето и рече: ’Со таков замав наеднаш ќе пропадне Вавилон, великиот град, и ќе го нема веќе!‘

22Ис 24,8; Ез 26,13И глас на лиристи, пејачи, свирачи и трубачи во тебе нема веќе да се чуе; никаков уметник од која и да е уметност нема веќе да се најде во тебе, шум од воденица нема веќе да се чуе во тебе.

23Ис 23,8; Ер 7,34; 25,10И светлина од светилник нема веќе да свети во тебе, и глас на младо­же­нец и невеста нема веќе да се чуе во те­бе, бидејќи твоите трговци беа големци на земјата, зашто преку твоите ма­гии се заблудија сите народи.

24Ер 51,49; Мт 23,35-37И во него се најде крв од пророци и светии, и од сите што беа заклани на земјата.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help